Сè што треба да знаете за редовното бричење на интимната зона

Најверојатно знаете дека за бричењето е најдобро да користите остар брич, дека долгите влакненца треба да се скратат прво со ножички и дека подобро е да се намачкате со пена за бричење одошто со сапун. Но, покрај овие правила, постојат уште неколку работи што треба да ги знаете доколку сакате безбедно да се бричите секојдневно.

1. Не почнувајте со бричењето одма што влезете под туш

Веднаш штом влезете под туш, вие посегнувате по бричот и пената? Подобро е да го оставите тоа за крај, бидејќи по туширањето кожата е хидрирана, а фоликулите меки, што го намалува ризикот од непријатните ранички и иритации.

2. Направете пилинг пред бричењето

Пилингот е одлично решение за поткожните влакненца, без разлика на начинот на кој ги отстранувате и делот од телото од каде што ги вадите. Тој ќе ви помогне при следното бричење да ги отстраните сите влакна, но и ќе спречи да се појават нови поткожни. Пилингот исто така го отстранува и горниот слој мртва кожа и ја прави сјајна и мека. Па, пред бричењето, не заборавајте на пилингот.

3. Не користете го лосионот за тело и за интимната зона

Ако вашата кожа е надразнета и сува по бричењето, најверојатно посегнувате по вообичаениот лосион за тело. Тоа не е добро бидејќи лосионот може да содржи состојки што ја иритираат свежо избричената кожа. Наместо тоа, ве советуваме да инвестирате во лесна крема за смирување на кожата или во крема за интимна нега.

4. Не се бричете на суво

Колку пати ви се случило да се одлучите за бричење во последен момент, па да се избричите на суво? Вашата кожа нема да биде воопшто среќна за ова. Токму затоа и кога следен пат спонтано ќе одлучите да се избричите, издвојте барем 5 минути повеќе и поставете топол пешкир на интимната зона за малку да ги омекнете фоликулите.

5. Не облекувајте секси долна облека веднаш по бричењето

Доколку сте се избричиле, избегнувајте ги чипканите гаќи. Тие би можеле дополнително да ја иритираат веќе нежната кожа па да ви предизвикаат непријатни ранички и внатрешни влакна. Првиот ден по бричењето одморете ја кожата во памучни гаќички.

Прочитајте нешто повеќе и за оваа необична состојка од кујната за меки и нежни нозе по бричење.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар