Сè што треба да знаете за ХПВ вирусот

Кај нешто повеќе од половина сексуално активни жени може да се покаже присутност на ХПВ во брисот од грлото на матката. Веројатноста за пренесување со само еден полов контакт е околу 25%. Најчесто е присутен ХПВ тип 16, потоа 31, 6, 11, па следуваат 33, 18 и 52. Во продолжение прочитајте ги најважните информации за ХПВ што сите сексуални активни луѓе мора да ги знаат.

1-najuspeshni-metodi-za-lekuvanje-na-posledicite-od-hpv-virusot-www.kafepauza.mk_

1. Кој е во опасност од ХПВ?

Најголем ризик за инфекција од ХПВ имаат младите кои многу рано стапуваат во сексуални односи (пред 16-та година), заради незрелоста во локалниот одбранбен систем и личностите кои често ги менуваат партнерите. Жената може да има само еден партнер во животот, но ако тој претходно имал поголем број партнерки, зголемен е ризикот за инфекција. Изложувањето на факторите кои го слабеат имунолошкиот систем се пушењето, инфекциите на други сексуално преносливи микроорганизми (кламидија, херпес, симплекс вирус, ХИВ).

2. Кои се најчестите болести предизвикани од ХПВ кај мажите, а кои кај жените?

ХПВ го делиме на типови од низок и висок ризик. ХПВ типовите со низок ризик, помеѓу кои најчести се 6 и 11, предизвикуваат полови брадавици (шилести и рамни кондиломи) кои може да се појават на надворешните гениталии и кожата околу анусот кај двата пола, како и во вагината и на вратот на матката кај жените. Лечењето може да биде долготрајно и фрустрирачко, а можно е и повторно да се појават после лекувањето. ХПВ со низок ризик може да предизвика и интраепителни лезии од низок степен кои зависно од местото на кои ќе се појават може да се наречат CIN (на вратот на матката), Vain I (во матката) VIN I (на вагината), PIN I (на пенисот), AIN I (на анусот). ХПВ со висок ризик има способност со својата долготрајна присутност да предизвика интраепителни лезии со висок степен (CIN II и III, PIN II и III). CIN II и III поретко се повлекуваат спонтано, а доколку не се лекуваат после повеќе години може да доведат до рак на грлото на матката. ХПВ може да предизвика и некои видови рак на усната шуплина и гркланот.

Кај поголемиот дел личности заразени со ХПВ никогаш не се развиваат симптоми на здравствени тегоби, бидејќи повеќето ХПВ инфекции (90%) се повлекуваат сами од себе. Но како може докторот да разликува ХПВ кој треба и ХПВ кој не треба да се лекува (ако е точно дека во 90% од случаите ХПВ се повлекува сам од себе)?

За жал, не постои регистриран лек кој би го примениле како антибиотик за бактерии и не може да очекуваме излекување во краток рок. Лечењето е насочено на последиците од инфекцијата со ХПВ, лекувањето на кондиломите и раното откривање и лекување на промените што сè уште не се малигни. Ако со тестирањето е докажан ХПВ со висок ризик без присутни цитолошки промени, ќе се препорачаат почести контроли, на пример ПАП тест на секои од 4 до 6 месеци. Не се препорачува да се повторува ПАП тест во период пократок од 2 месеци. Природниот имунолошки одговор на инфекцијата ХПВ е спор и затоа е потребно една до две години за да дојде до спонтано излекување. Пациентите се често нестрпливи, но нема смисла да се повтори ХПВ тестирањето во период пократок од година дена. Постојат лекови кои го подобруваат локалниот имунолошки одговор на ХПВ инфекцијата и имаат свое место во лекувањето на одредени состојби. Постојат и лекови со кои општо се обидува да се зајакне имунолошкиот систем како и бројни додатоци во исхраната, но без јасни научни докази за нивната ефикасност.
2-najuspeshni-metodi-za-lekuvanje-na-posledicite-od-hpv-virusot-www.kafepauza.mk_

3. Доаѓа ли кај високо ризичните типови на ХПВ до јасни симптоми и кои се?

Инфекцијата со висок ризик на ХПВ не предизвикуваат никакви симптоми. Тестовите со кои можеме да ја откриеме инфекцијата со висок ризик на ХПВ и нејзините последици се ПАП тестот, ХПВ генотипизацијата и колопоскопијата, и соодветните пребарувања кај мажите – пенископија и аноскопија. Тоа се тестови кои се надополнуваат и со кои е можно скоро 100% од случаите да се откријат пред промените да се претворат во малигни и навреме да се излечат. Кога кај жените ќе се дијагностицира инфекцијата на ХПВ со висок ризик или промена што може да се претвори во малигна, задолжително е и кај мажот да се направат соодветните прегледи и да се започне со лекување.

4. Може ли да се лекуваат само последиците од ХПВ, а вирусот да се спречи со вакцинирање?

Веќе спомнавме дека не постои начин да се лекува самиот вирус. Единствено ја имаме вакцината со која можеме да ја спречиме инфекцијата од најчестите и онкогени вируси. Можеме да ги лекуваме само последиците од ХПВ инфекцијата – кондиломи, интраепителни лезии со низок и висок степен и ракот кој секако настојуваме да го спречиме. Зависно од големината и ширината, кондиломите може да се лекуваат со различни хемиски супстанци (podofilin, 5-fluorouracil), имуномодулатори (imikvimod), криотерапија (заледување), електрокоагулација (спречување со електрично албино).

Лезии што имаат потенцијал да станат малигни на грлото на матката со висок степен (CIN II и III) се лекуваат со операција – класична конизација (отстранување на делот од грлото на матката во облик на конус), а истата постапка која се изведува со помош на електричното албино се нарекува LETZ. Изборот за начин на лекување зависи од периодот, местото на промените (грлото на матката, вагината…) ширината на промените и слично.

5. Може ли последиците од ХПВ трајно да се излекуваат

ХПВ инфекцијата ја сметаме за излечена, ако цитолошките и колпоскопските резултати се уредни, односно тестот од ХПВ генотипизацијата е негативен. Понекогаш вирусот може да постои во неоткриена состојба со години и да се реактивира подоцна, што може да создаде дилеми кај паровите кои се подолго време во стабилна моногамна врска. Тоа треба да им се објасни на паровите. Со редовните гинеколошки контроли навремено ќе се детектира евентуалната повторна реактивација на вирусот или нова инфекција.

6. Дали вакцината против ХПВ е всушност вакцина против рак?

Новата вакцина против ХПВ (Gardasil-9) овозможува заштита против девет најчести видови ХПВ вируси – против ХПВ тип 6 и 11 кои се најчести причинители за шилести кондиломи, и седум вируси со висок ризик (16, 18, 31, 33, 45, 52, 58). Тие вируси се најчесто докажани вируси во пред малигните лезии со висок степен и рак на грлото на матката. Кога поголемиот дел од младината би се вакцинирале денес, се смета дека во иднина појавувањето на рак на грлото на матката може да се намали за околу 9%. Во Австралија, каде што е и откриена вакцината и започнала составно да се применува пред 10 години, се забележуваат првите резултати во намалувањето на зачестеноста на половите брадавици и пред малигните промени.
3-najuspeshni-metodi-za-lekuvanje-na-posledicite-od-hpv-virusot-www.kafepauza.mk_

7. Колку е вакцината ефикасна и има ли несакани појави?

Вакцината овозможува скоро 100% ефикасна заштита од ХПВ 16, 18, 31, 33, 45, 52 и 58, но и од 6 и 11 кај личностите кои прано не биле изложени на инфекциите со наведените типови на ХПВ. Може да се примени од 9 до 26 години. Ефикасноста на вакцината е подобра ако се примени пред 15-тата година, бидејќи е поизразено создавањето на заштитни антитела и е помала веројатноста дека тие личности веќе биле во контакт со вирусот. Затоа вакцината е воведена во програмата за вакцинирање за девојчињата и момчињата во осмо одделение во основно училиште. Вакцината е тестирана на ефикасноста и сигурноста, се применува во сите развиени земји во светот и медицинската струка јасно го препорачува вакцинирањето.

Можните несакани појави се вообичаени како и за сите други видови вакцини кои се применуваат во редовното вакцинирање на децата (сипаница, заушки, хепатитис Б). Најчести несакани појави се локални на местото на инјекцијата – благ до умерен оток, црвенило и болка, но и главоболка со кратко траење. Нема докази дека вакцината ја зголемува зачестеноста на алергии, Гилиан-Береровиот синдром (автоимуна болест на периферниот нервен систем, најчесто поттикната со акутен воспалителен процес) и останати несакани појави во однос на општата популација.

8. Кои облици на превенција се достапни?

Во нашата земја постојат примарни и секундарни превенции на рак на грлото на матката, односно спектар на болести поврзани со ХПВ инфекцијата. Под примарна превенција првенствено подразбираме здравствено одгледување на младите за одговорно сексуално однесување и заштита од полово преносливи болести. Потоа бесплатната вакцина која овозможува заштита од 9 најстрашни типа на ХПВ. Важно е да нагласиме дека вакцината не е дозвола за неодговорно сексуално однесување, односно и понатаму треба редовно да одите на гинеколошки прегледи.

Под секундарна превенција подразбираме примена на дијагностички методи за рано откривање и лекување на пред малигните промени кои не се видливи со голо око и не создаваат никакви симптоми. Тоа се ПАП тест, колпоскопија, ХПВ-тестирање и биопсија. Првиот ПАП тест се препорачува да се направи околу 3 години од почетокот на сексуалниот живот. Со оглед на тоа дека ПАП тестот е безболна, лесно изводлива и евтина метода, се препорачуваат контроли еднаш годишно. За жал, одѕивот на вакцинирање и превентивни ПАП тестови е слаб. Ако знаеме дека кај половина жени кај кои е дијагностициран рак на грлото на маката не биле на ПАП тест подолго од пет години или воопшто, и понатаму секој ден една жена ќе заболува од ракот на грлото на матката, а секој трет ден една ќе умре од болеста која напредувала. Уште еднаш треба да нагласиме, дека со достапното вакцинирање, ПАП тестовите и соодветните методи на откривање, денес ниту една жена ни смее да заболи од рак на грлото на матката.

Погледнете кои вистини треба да ги знаете за ракот на грлото на матката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар