10 вистини кои треба да ги знаете за ракот на грлото на матката

Ракот на грлото на матката е вториот по ред најчест рак кај жените и во критичната група се наоѓаат оние на возраст од 25 до 64 години. Но, оваа канцерогена болест може да се открие и да се спречи навреме. Затоа од голема важност е да не ги заборавате и да не ги прескокнувате редовните контроли и ПАП тестовите.

1-10-vistini-koi-treba-da-gi-znaete-za-rakot-na-grloto-na-matkata-www.kafepauza.mk_

1. Ракот на грлото на матката е вториот најчест рак кај жените

Гледано во светски размери, ракот на грлото на матката е втор најчест рак кај жените, односно третата причина за смртност од рак. Годишно во светот се дијагностицираат околу 500.000 нови случаи на рак на грлото на матката, а скоро 300.000 жени умираат од оваа болест.

2. Во Европа на секоја 18-та минута умира по една жена со рак на грлото на матката

Додека пак во светот на секои две.

3. Човечкиот папиломен вирус или Хуман папилома вирус (ХПВ) е главниот предизвикувач на рак на грлото на матката

Ниту еден вид рак нема таква цврста причинско последична врска со познат причинител како што тоа го имаат ХПВ и ракот на грлото на матката. Дури во 99,7% од случите може да се докаже инфекција со ХПВ.

4. ХПВ се пренесува со сексуален контакт

ХПВ инфекцијата е доста честа помеѓу сексуално активните личности, главно се пренесува во текот на сексуалниот однос, но тоа може да се случи и со директен допир од личност на личност, а не само во текот на сексот. Инфекцијата ХПВ најчеста е кај адолесцентите, а ракот на грлото на матката кај жените помеѓу 35 и 55 години.

5. Секоја втора сексуално активна личност е заразена со ХПВ

Околу 630 милиони луѓе ширум целиот свет се инфицирани со ХПВ, а според резултатите од испитувања во некои земји се заразени и до 60% од сексуално активните мажи и жени.

6. Смртноста од ракот на грлото на матката е 35%

Поголемиот дел од жените кои заболеле од рак на грлото на матката најверојатно никогаш не направиле ПАП тест или не го направиле во последните 5 години. Од вкупното женско население во секоја земја, само мал процент од нив годишно прават ПАП тест. Може да се каже дека отприлика 2 од 3 жени не одат на редовни контроли, а дополнителен проблем е тоа што секогаш се тестираат истите.

7. Ракот на грлото на матката може да се открие со време

ПАП тестот е единствениот начин на кој може да се открие ракот на грлото на матката и абнормалните клетки во грлото на матката, но тој не упатува на главните причини за појавата на ракот и абнормалните клетки кои се резултат на трајно присутната инфекција на „високо ризичните“ типови ХПВ.

Другиот недостаток на ПАП тестот се лажните негативни резултати што се појавуваат во 20 до 40 проценти од пациентите. Затоа како дополнително истражување за наоѓање на ХПВ инфекцијата се користи течна цитологија, бидејќи тогаш стапката за негативни резултати е помала од 5 проценти.

8. Ракот на грлото на матката е најсериозна компликација на ХПВ инфекцијата

Бидејќи ХПВ инфекцијата најчесто нема знаци или симптоми, поголемиот дел од заразените не се свесни дека ја имаат. Поголемиот дел од ХПВ инфекциите се открива дури со абнормалните резултати на ПАП тестот. Ниско ризичните типови ХПВ може да доведат до создавање надворешни брадавици, неканцерогени израстоци со боја на месо кои се појавуваат околу гениталиите и околу нив. Типовите 6 и 11 на ХПВ инфекцијата се одговорни за 90% од сите случаи на полови брадавици.

Долготрајната инфекција на високо ризичните типови ХПВ, како што се тип 16, 18, 31 и 45, може да доведат до рак на грлото на матката и други видови рак во областа на гениталиите. ХПВ типовите 16 и 18 заедно се одговорни за 70% од случаите на рак на грлото на матката.

9. Ракот на грлото на матката може да се спречи

Иако кондомите се ефикасни средства за заштита против поголемиот број сексуално преносливи инфекции, тие не нудат целосна заштита во случајот на ХПВ, затоа што инфекцијата може да биде присутна и на пределите од кожата кои не се заштитени. Денес е достапна вакцина која може да ги заштити жените од ХПВ инфекцијата и развивањето рак на матката.

10. Со вакцинација се спречува ракот на грлото на матката

Вакцината штити од инфекцијата со четири типа на вирусот ХПВ: типовите 16 и 18 кои се „виновни“ за 70% од случаите на рак на грлото на матката, и типовите 6 и 11 кои предизвикуваат околу 90% од половите брадавици. Вакцината е 100% ефикасна во спречувањето на ХПВ.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар