Сè може да се смени за само една секунда

Сè може да се смени за само една секунда. За само една секунда вие можете да влезете во соба полна со непознати луѓе, без да знаете дека можеби и љубовта на вашиот живот е таму. Да, влегувањето во таа соба може да биде навистина стресно, но се надеваме дека сепак ќе го направите тој чекор.

Сè може да се смени за само една секунда. Во секундата што ви е потребна за да посегнете по телефонот и да пратите порака додека возите, вие можете да направите сообраќајна несреќа, потенцијално повредувајќи или одземајќи живот. Се надеваме дека ќе го спуштите телефонот долу и дека ќе почекате за да ја испратите пораката.

Сè може да се смени за само една секунда. Потребна ви е само една секунда за да ѝ се насмеете на непозната личност, да задржите врата за некого, да кажете благодарам или пак, да дадете комплимент за да разубавите нечиј ден. Можеби тие биле обвиени со тага, па вашите нежни зборови ќе им бидат како сончева светлина после долг облачен период. Никогаш не можете да го знаете ова, па затоа и се надеваме дека ќе одвоите барем една секунда за да раширите добра енергија.

Сè може да се смени за само една секунда. Треба само една секунда за да кажете „Те сакам“. Само една. И во тој момент, сè ќе се смени. Во тој момент, световите се судираат, срцата се обликуваат и животите се испреплетуваат. Во таа секунда, додека ги изговарате тие зборови, останатиот дел од вашиот живот ќе се претвори во нешто сосема ново. Се надеваме дека ќе ги кажете.

Сè може да се смени за само една секунда. Доволна е само една секунда за да ги ризикувате сите оние нешта што го имате во вашиот живот. Една секунда да пратите погрешна порака, да започнете караница, да си отидете… Се надеваме дека сте размислиле пред да си заминете. Се надеваме дека ќе се борите за тоа што ви значи и дека ако навистина вреди, ќе најдете начин како да го задржите.

Сè може да се смени за само една секунда. Ви треба само една секунда за да си кажете дека можете да бидете подобри. Токму тука и сега. Ќе го прифатите фактот дека не ви оди добро, и од овој момент натаму, ќе се стремите кон тоа да напредувате. Не треба да чекате или да се надевате дека нештата сами ќе се сменат. Вие сте тие што треба да ги правите промените. Се надеваме дека ќе почнете веднаш.

Постојат 86.400 секунди во еден ден. Тоа се 86.400 одлуки, 86.400 избори, 86.400 моменти кои се тука за вие да ги живеете – моменти што треба да се искористат, бидејќи никогаш нема да можат да се вратат назад.

Погледнете ги и овие 9 промени што треба да ги направите во 2019-та година ако сакате вашиот живот да заблеска.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар