Рецепт за вегетаријанска пица-торта што ќе ве воодушеви

Пица со зеленчук што ќе ги воодушеви и најголемите гурмани

Потребни состојки:
За тестото:
  • 400 грама интегрално брашно
  • 1 кесичка сув квасец
  • 5 лажички маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • 250 милилитри топла вода
За сосот:
  • 250 грама домати
  • 150 грама тиквички
  • 50 милилитри маслиново масло
  • 70 грама пармезан
  • 350 грама сос од домати
  • 100 грама моцарела
Начин на подготовка:

Измешајте го брашното со квасец, додајте масло, вода и сол, па замесете тесто. Дозволете му да порасне на топло место околу 20-тина минути. Доматите исечкајте ги на тенки кругови, посолете ги и потоа исцедете ги. Тиквичките исечете ги на долги парчиња и потоа заедно со доматите испржете ги во маслиново масло и оставете ги да се оладат.

Подготвеното тесто поделете го на три дела и оформете го секој дел во круг со размер од 20 сантиметри. На тестото распоредете рамномерно од сосот за домати, зеленчукот, моцарелата и пармезанот. Потоа ставете го второто тесто, па повторете ја постапката. На крај, наместете го третото тесто и оставете така или декорирајте со уште еден слој од сосот.

Печете ја вашата пица-торта на претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. Добар апетит.

А што велите за пуканки со вкус на пица?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар