Романски неврохирург тврди: Само вака правилно се одмара мозокот!

Романски неврохирург тврди: Само вака правилно се одмара мозокот!

Познато е дека мозокот никогаш не спие, дури ни кога спиеме. Но, за среќа сепак постојат неколку начини за тој да се одмори и стимулира. Со стимулација се подобрува неговата работа, а одморот е одличен начин да се смириме и да му го овозможиме потребниот третман. На мозокот му е потребна секојдневна позитивна стимулација. Романскиот неврохирург открива на каков начин се постигнува тоа.

„Како неврохирург, често гледам тага на лицата на моите пациенти. Неврохируршките интервенции ги плашат повеќе од самиот проблем. И тоа е нормално. Мозокот не е орган кој можеме да го контролираме. Можеби не знаете, но и на мозокот му се потребни одмор и внимание.“

За време на празници или одмор, во искушение сме да си дозволиме премногу: јадеме и пиеме претерано, седиме на компјутер до доцна во ноќта, пушиме, пиеме многу кафе… Мозокот никогаш не спие, но постои некој начин да се одмори и стимулира. На мозокот му е потребен позитивен поттик.

Неврохирургот препорачува спиење без мобилен телефон во близина. Наутро прво да се погледне во небото или едноставно да се ужива во погледот низ прозорецот за да се стимулираат визуелните центри. Негова препорака е да слушате музика што ќе ви го подигне расположението и да испиете една чаша вода веднаш после отворањето очи од сабајле.

Јадете умерено бидејќи желудникот го оптоварува мозокот. Се препорачува и пиење црно вино бидејќи тоа помага при чистењето на капиларните вени во мозокот, но не смеете да претерате со алкохолот бидејќи тој ги напаѓа нервните клетки.

Намалете го гледањето телевизија. Златното правило за одморен мозок е тишина! Одвојте време за уживање во тишина за да ги средите своите мисли. И за крај – секој ден дозволете си радост бидејќи радоста е вистинска храна за мозокот!

Дознајте како влијае постојаното седење врз вашиот мозок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар