Рокот на траење на вашата козметика

Рокот на траење на вашата козметика

Автор: Сара Турановиќ

Козметичките производи на висока температура брзо се расипуваат, без разлика на тоа што не содржат конзерванси. Сите препарати за нега на телото, а особено за лице, во текот на летото чувајте ги во фрижидер или пак во ладна просторија каде што температурата не е над 20 степени Целзиусови. Доколку забележите дека некој производ го променил мирисот, или пак бојата, веднаш фрлете го без обѕир на тоа што не му е поминат рокот на траење, бидејќи вашата кожа може да ги претрпи последиците.

rokot-na-traenje-na-vashata-kozmetika-kafepauza.mk

Кога се чуваат во фрижидер и се добро затворени…
  • Течната пудра трае до година дена
  • Млекото за чистење лице трае 2 години
  • Маскарата трае 6 месеци
  • Сенката за очи трае 2 години
  • Моливот за очи трае 3 години
  • Руменилото и карминот траат околу 2 години
  • Лакот за нокти трае 1 година

Најмногу грижете се за кремите и лосионите за лице, бидејќи ако во нив навлезат бактерии може да предизвикаат иритација на кожата и акни. Затоа најдобро е да купувате мали пакувања и да не собирате купови козметика.

Совет плус: Козметиката во туба трае многу подолго бидејќи во неа потешко навлегуваат бактерии. Кремата за лице во кутија не вадете ја со прстите. Земајте ја со пластична лажичка, така ќе остане подолго време свежа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар