5 иритирачки модни проблеми и 5 супер решенија

Дали сте знаеле дека хулахопките можат да ве спасат од незгодната дамка од стикот која сте ја направиле на вашата блуза баш пред да излезете од дома? Без грижа, за ваквите модни инциденти постојат одлични и брзи решенија.

5-iritirachki-modni-problemi-i-5-super-reshenija-kafepauza.mk

Модата е убава работа, сè додека не се случи некоја незгодна ситуација заради која патиме (плускавци на нозете) или изгледаме смешно (сукња залепена за бутовите).

Со овие 5 проблеми во некој момент се има соочено секоја жена, а ако знаете брзо да ги решите, повеќе нема да ви бидат извор на непријатност и фрустрација.

ПРОБЛЕМ: Шминката и фризурата се завршени, го облекувате секси црниот фустан за на состанок и сфаќате дека сте го извалкале со антиперспирантот кој оставил лоша бела дамка на него.

РЕШЕНИЕ: За решение на овој проблем ќе ви се најдат хулахопките. Замотајте ги во форма на топче и со нив тријте на местото каде што е дамката. Набрзо ќе ја снема.

ПРОБЛЕМ: Сте облекле преубава долга сукња, но заради статичкиот електрицитет постојано ви се лепи за нозете.

РЕШЕНИЕ: Намокрете ги рацете со вода и поминете по голите нозе. Ако носите хулахопки, испрскајте ги со малку лак за коса од 30 см оддалеченост и потоа поминете преку цели нозе со дланките.

ПРОБЛЕМ: Патентот на сукњата или фустанот е стар и никако не сака да се помести.

РЕШЕНИЕ: Намачкајте го затворачот на патентот со малку балсам за уста во стик и обидете се повторно. Секако, при овој трик треба да внимавате случајно да не нанесете од балсамот и на облеката.

ПРОБЛЕМ: Чевлите ве убиваат на петите, но сакате да ги носите баш тие.

РЕШЕНИЕ: Земете дезодоранс во стик и со него премачкајте го местото на петите каде што кожата се допира со остриот раб на чевлите.

ПРОБЛЕМ: Сте го изгубиле делот за затворање на вашите омилени обетки.

РЕШЕНИЕ: Исечете парче гума за бришење или тапа и обидете се да ја прицврстите со него.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар