Ричард Бах: Како да знаете дека сте го сретнале својот животен сопатник

Ричард Бах: Како да знаете дека сте го сретнале својот животен сопатник?

Ричард Бах, роден на 23 јуни 1936 година, е далеку познат писател на некои популарни бестселери, меѓу кои е и „Галебот Џонатан Ливингстон“. Повеќето книги на Бах се полуавтобиографски и тој користи вистински или измислени настани од животот, за да ја илустрира неговата филозофија. Покрај другите, тој е познат и по својата книга „Мост преку вечноста“. Во продолжение ви прикажуваме еден поучен и корисен извадок од истата.


Ричард Бах: Како да знаете дека сте го сретнале својот животен сопатник

Барајте љубовна врска која со текот на времето станува сѐ подобра, со сѐ поголеми восхитувања, со доверба која се раѓа од бурата. Со овој човек сфатив дека е возможно да достигнам интензивна интимност и радост. Порано мислев дека тоа се само мои посебни потреби, мои лични обележја на животниот другар. Сега мислам дека можеме да бидеме сечии, но дека се плашиме дека нема да ги пронајдеме, па тогаш се обидуваме да се задоволиме со нешто помало.

Како би се осмелиле да бараме интимност и радост, ако најдобро што можеме е да најдеме обичен љубовник и блага среќа. А сепак во срцето знаеме дека топлото ќе премине во ладно, благата среќа ќе се претвори во безимена тага, прашувајќи се: Дали е ова љубовта на мојот живот? Дали е тоа сѐ? Дали сум затоа овде? Во срцето знаеме дека мора да постои нешто повеќе и тежнееме за она што никогаш не сме го откриле. Многу често едната половина сака да се воздигне, а другата половина ја влече надолу. Едно оди напред, а другото се труди за секои два чекори напред, да се врати три чекори назад. Подобро е да се запознае само среќата, си мислев, да ги сакам моите пријатели и мојата мачка, подобро да чекам на животниот другар кој никогаш не доаѓа, но да се направи компромис. Животниот другар е некој чии брави одговараат на сите наши клучеви, а клучевите одговараат на сите наши брави. Кога се чувствуваме доволно безбедни да ги отвориме бравите, нашата најголема искреност излегува и тогаш можеме да бидеме целосно и искрено она што сме. Можеме да бидеме онакви какви што сме навистина, а да не се преправаме.

Без оглед на сѐ што може околу нас да се уништи, со таа една личност сме сигурни во нашиот рај. Нашиот животен другар е некој кој ќе ги дали со нас најдлабоките копнежи, нашата смисла, нашето верување. Нашиот животен другар е некој кој на животот му носи живот. Но, на крајот на краиштата и не е важно дали се согласувате или не, или кој е во право. Она што е навистина важно е што се случува помеѓу нас двајцата и дали постојано се менуваме, се развиваме и се сакаме еден со друг сѐ повеќе и повеќе! Единствено што е важно на крајот на нашиот престој на земјата, е колку добро сме знаеле да сакаме, каков бил квалитетот на нашата љубов!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар