Рецепт за вкусна торта со чоколадо и ореви без печење

Рецепт за вкусна торта со чоколадо и ореви без печење

Морате да го пробате овој рецепт за вкусна чоколадна торта која не се пече. Нејзината подготовка е лесна и е толку вкусна што едноставно се топи во уста.

Рецепт за вкусна торта со чоколадо и ореви без печење

Потребни состојки:

  • 400 грама бисквити
  • 100 грама ореви
  • 50 грама какао
  • 200 грама млеко
  • 120 грама путер
  • 100 грама шеќер (или друг засладувач)
  • 2 грама ванилин шеќер
  • 120 грама темно чоколадо
  • 40 грама бело чоколадо
  • 100 милилитри крем за готвење

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги здробените бисквити и исечканите ореви во еден сад. Во друг сад измешајте ги млекото, шеќерот, ванилиниот шеќер и какаото, ставете го садот на тивок оган и додадете го путерот.

2. Мешајте сè додека путерот не се стопи целосно.

3. Тргнете го садот од оган, а смесата прелијте ја врз бисквитите и оревите. Добро измешајте.

4. Префрлете ја смесата во калап и оставете ја да се излади околу 10 минути.

5. Во меѓувреме растопете го темното чоколадо на пареа заедно со кремот. Во друг сад растопете го белото чоколадо.

6. Врз основата прелијте го растопеното темно чоколадо.

7. На средината од колачот внимателно прелијте го белото чоколадо кое ќе го искористите за декорација. Декорацијата можете да ја надополните и со парчиња ореви на рабовите.

8. Тортата треба да отстои во фрижидер околу 2 часа пред послужување. На здравје!

Откако го прочитавте овој рецепт за вкусна и брза чоколадна торта, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за највкусниот чоколаден десерт.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар