Рецепт за вкусен колач со мандарини

Мандарините дефинитивно се меѓу овошјето што може да се консумира на различни начини! Денес споделуваме еден вкусен рецепт со мандарини, бадеми, маслиново масло… и уште многу други вкусни состојки!

Рецепт за вкусен колач со мандарини

Потребни состојки:

За тестото:

  • 2 јајца
  • 110 г пченкарно брашно
  • 170 г пченично брашно
  • 12 г прашок за пециво
  • 170 г јогурт
  • 80 г маслиново масло
  • 170 г мед
  • 1 лажица ликер амарето
  • 1 јаболко
  • 3-4 мандарини
  • бадеми

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 180 ° С.
  2. Јајцата, медит, маслото и амарето се мешаат неколку минути додека не се добие пенеста смеса. Измешајте го брашното и прашокот за пециво и наизменично додавајте јогурт. Додадете рендана кора од мандарини и рендано јаболко. Измешајте добро.
  3. Калапот премачкајте го со путер и посипете го со брашно (отстранете го вишокот), истурете ја смесата и протресете да се изедначи.
  4. Излупете ги мандарините и исечете ја на парчиња. Наредете ги по желба.
  5. Печете во загреана рерна 40-50 минути, во зависност од рерната, или додека чепкалката не излезе сува. Оставете да се излади, посипете малку со шеќер во прав и украсете со бадеми.

Можеби ќе сакате да ги пробате и овие колачиња со путер од кикиритки кои станаа многу популарни на социјалните мрежи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар