Рецепт за вкусен колач од сутлијач

Рецепт за вкусен колач од сутлијач

Може ли сутлијачот да биде повкусен отколку што е? Да!

Рецепт за вкусен колач од сутлијач

Потребни состојки:

  • 180 грама брашно
  • 75 грама шеќер
  • 3 јајца
  • 125 грама путер
  • 350 грама цреши од компот
  • 600 грама сутлијач
  • 2 лажици сок од цреши
  • 3 лажици презла

Начин на подготовка:

Измешајте ги брашното, путерот, шеќерот и едно јајце. Посолете и ставете ја смесата во подмачкан огноотпорен сад. Избоцкајте го тестото со виљушка, посипете со презла и одозгора ставете ги црешите.

Со миксер изматете 2 јајца, сокот од вишни и 600 грама сутлијач. Ставете ја смесата во огноотпорниот сад и печете 40 минути на температура од 200 Целзиусови степени.

Одозгора посипете со шеќер во прав.

Погледнете како да направите вкусен чоколаден колач со тиквички.