Рецепт за вечера: Печено сирење со кељ и леблебија

Рецепт за вечера: Печено сирење со кељ и леблебија

Колку пати сте немале инспирација кога станува збор за подготовката на вечера? Остатоците од ручекот не ви звучат примамливо, па што ви преостанува освен да бидете креативни? Што велите за сирење за вечера? Можеби и тоа не звучи примамливо, но е толку вкусно што ќе се вљубите во овој рецепт уште од првиот залак.

Ако не сте голем љубител на кељот, заменете го со блитва или зелје и додајте маслинки или малку лути пиперчиња по вкус.

Рецепт за вечера: Печено сирење со кељ и леблебија

Потребни состојки за 4 порции:

  • екстра девствено маслиново масло
  • 1 кромид
  • 1/2 главица кељ (без стебло)
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица црвен пипер
  • сол и бибер
  • леблебија од конзерва
  • сирење исечено на тенки парчиња
  • сок од лимон
  • леб за сервирање

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 250 степени. Загрејте го маслиновото масло во тава и додајте ги исечканиот кромид и црвениот пипер и оставете го да се пржи додека не омекне, околу 5 минути. Потоа, додајте го кељот исечен на помали парчиња. Додајте сол и бибер и продолжете со мешање.

На самиот крај, додајте ги лукот и леблебијата. Одозгора наредете парчиња сирење. Ставете ја тавата во рерна и печете околу 15 минути. Прелијте со сок од лимон и сервирајте со лепчиња.

Погледнете го овој рецепт за хумус со цвекло.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар