Рецепт за сируп од кајсии: Најдобриот пијалак за освежување во летните денови

Рецепт за сируп од кајсии: Најдобриот пијалак за освежување во летните денови

Нискокалорични, сочни, вкусни и миризливи. Кајсиите се богати се со витамини Ц и А, калиум, железо. Одлични се како додатоци во десерти, а денес ви предлагаме рецепт за сируп од кајсија.

Рецепт за сируп од кајсии: Најдобриот пијалак за освежување во летните денови

Потребни состојки:

  • 1 килограм кајсии,
  • 700 милилитри вода
  • 700 грама шеќер
  • 1 лажичка сок од лимон.

Начин на подготовка:

1. Измијте ги кајсиите, отстранете ги семките и нечистотиите и сомелете ги, потоа додадете шеќер и вода и оставете ги да отстојат 30 минути. Потоа ставете го тенџерето на оган да зоврие, а кога ќе зоврие намалете малку и варете 20-30 минути.

2. Веднаш процедете ја смесата низ голема цедалка. Добиениот сируп вратете го на оган да се вари уште 5 минути, па тргнете го од оган и истурете во шише.

3. Ако го оставите да отстои подолго, ставете малку конзерванс во тенџерето со сирупот, и добро измешајте го. Потоа префрлете го во шишето.

И ете ви вкусен сок од кајсија кој освежува во текот на целата година. Може да се чува во фрижидер или со мала количина на конзерванси во оставата во текот на целата година. Еден килограм кајсии дава еден литар од овој сируп. Количината на шеќер може да биде по желба, но познато е дека сирупите се поконцентрирани и кога се разредуваат можат доста да ослабнат, па внимавајте ако додадете помалку шеќер за на крајот да биде по ваш вкус.

Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт за сируп од кајсии, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за мафини со кајсии.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар