Рецепт за посните денови: Салата со туна и пченка

Погледнете го овој рецепт како да направите прекрасна посна салата што ќе ве воодушеви со своите раскошни бои и вкусови.

recept-za-posnite-denovi-salata-so-tuna-i-pchenka

Потребни состојки:

  • 200 грама тестенини
  • 150 грама посен мајонез
  • 1 лажичка сенф
  • 150 грама зрна пченка
  • 200 грама карфиол
  • 1 поголема црвена пиперка
  • 1 пиперка од туршија
  • 1 помал црвен кромид
  • 2 лажици сусам
  • 2 лажици семки од сончоглед
  • 180-200 грама туна

Начин на подготовка:

1. Сварете ги тестенините и обарете го карфиолот.

2. Сусамот и семките од сончоглед ставете ги во тава и печете ги додека да поруменат, а потоа оставете ги да се изладат.

3. Во сварените тестенини додајте ги сите останати состојки: исечканите пиперки и кромидот, мајонезот, сенфот, пченката, карфиолот, сусамот, семките од сончоглед и на крајот додајте ја туната откако претходно ќе ја исцедите од маслото. Измешајте ги состојките додека не се изедначи смесата.

Ако немате идеја што да зготвите денес за ручек, погледнете го овој рецепт како да направите посна мусака.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар