Рецепт за највкусниот колач со кафе: Идеален десерт што не се пече

Брз и едноставен десерт за љубителите на кафето

Потребни состојки:
За кората:
  • 250 грама бадеми
  • 180 грама урми
  • 2 лажици кокосово масло
За кремот:
  • 300 грама индиски ореви (потопени во вода преку ноќ)
  • 100 грама бадеми (бланширани, излупени и потопени во вода преку ноќ)
  • 3 лажици свежо подготвено црно кафе
  • 50 грама кокосово брашно
  • 50 грама масло од какао
  • 2 лажици кокосово масло
  • 2 лажици мед
Начин на подготовка:
За кората:

Во блендер ставете ги исцедените урмите без семки и бадемите. Додајте им го кокосовото масло и матете со миксер сè додека не добиете ситни топчиња – кората е повкусна кога смесата е погруба. На дното на тавата за колачи ставете провидна фолија па нанесете ја кората со лажица, израмнете ја и ставете ја во фрижидер дур го подготвувате кремот.

За кремот:

Во блендер ставете ги индиските ореви и бадемите. Матете со миксер сè додека не добиете кремаста содржина, па додајте го оладеното кафе, кокосовото брашно, медот, стопениот какао путер и кокосовото масло. Добро изматете. Треба да добиете мазен крем. Префрлете го кремот над оладената кора и вратете ги во фрижидер на уште 2 до 3 саати.

Совет: Ако користите суви урми, потопете ги барем саат време во млака вода.

Барате здрав рецепт за кафе што ќе ве наполни со енергија? Пробајте го овој!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар