Рецепт: Арапски десерт во кој ќе уживате со сите ваши сетила!

Рецепт: Арапски десерт во кој ќе уживате со сите ваши сетила!

Арапските деликатеси секогаш имаат специфична арома – тие претставуваат богата комбинација на вкусови во кои уживаат сите наши сетила. Прочитајте го во продолжение нашиот денешен предлог за арапски десерт со урми, бадеми и ореви.

Рецепт: Арапски десерт во кој ќе уживате со сите ваши сетила!

Потребни состојки:

  • 250 грама мелени бисквити
  • 3 лажици путер
  • цимет
  • 180 грама кондензирано млеко
  • 180 грама крем сирење
  • јајце
  • екстракт од ванила
  • урми и ореви
  • 60 грама сечкани бадеми
  • сируп од карамела (по желба)

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги мелени бисквити и путерот. Мешајте сè додека не се соедини смесата. Покријте го огноотпорниот сад со хартија за печење, па рамномерно распределете ја смесата од бисквити.

2. Измешајте ги кондензираното млеко, крем сирењето, јајцето, циметот и екстрактот од ванила, па изматете ги со миксер додека не добиете мазна и фина смеса.

3. Добиената смеса додадете ја во огноотпорен сад, односно прелијте ја врз мелената смеса од бисквити.

4. Исечкајте ги урмите и оревите на ситни парчиња, па посипете ги врз смесата. На крајот ставете ги парчињата бадеми.

5. Тортата се пече на 180 степени целзиусови околу 20 минути. По желба можете да го прелиете колачот со сируп од карамела. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и традиционалниот арапски рецепт со зелени зрна кафе.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар