Разликувајте го вистинскиот од погрешниот!

Разликувајте го вистинскиот од погрешниот!

Автор: Сара турановиќ

Психолозите тврдат дека првиот контакт е доволен за да го разликувате вистинскиот маж од погрешниот.

razlikuvajte-go-vistinskiot-od-pogreshniot-kafepauza.mk

Вистинскиот маж точно знае каде му е „алкохолната граница“ и не ја преминува. Погрешниот не знае за тие граници.

Вистинскиот маж точно знае кога во разговорот треба да премине на друга тема и внимателно ги слуша другите и спротивните мислења. Погрешниот маж нема чувство дека ги „дави“ присутните со некоја тема, се фали со своите успеси и се шегува на туѓа сметка.

Вистинскиот маж флертува само со дами кои му се допаѓаат и тоа не по секоја цена. Погрешниот маж се труди да ја освои секоја жена и нему не му е важен квалитетот туку квантитетот.

Вистинскиот маж ги исполнува ветувањата, не ги заборава состаноците и договорите, го почитува туѓото време. Погрешниот маж ги „откачува“ сите пријатели и го памти само она што нему му е важно.

Вистинскиот маж секогаш предложува да ја плати сметката, но дозволува и другите да го почестат. Погрешниот маж нападно се расфрла со богатство или со влијанието во друштвото.

Вистинскиот маж ќе го земе вашиот телефонски број, љубезно ќе ви понуди да ве однесе до дома и нема да „полета“ да ве бакне на разделбата, ако е потребно, ќе ја чека вистинската прилика. Погрешниот маж ќе понуди да ве однесе до дома, само ако процени дека ќе добие секс. На пола пат до вашиот дом „шармантно“ ќе предложи да одите кај него дома за „подобро да се запознаете“.

Забрането на првиот состанок

Првиот состанок е стресен за двете страни. За да не ги влошите работите повеќе, не користете ги овие реченици:

Сигурно би ти се допаднала мојата другарка

Иако ова го кажавте бидејќи ја сакате вашата другарка, мажот ова ќе го сфати како да не ви се допаѓа, па затоа го „наменувате“ за друга.

Што си во хороскоп?

Претставниците на појакиот пол се нервираат кога жените на самиот старт ќе им кажат дека се „типични Скорпии“ или заклучуваат дека се несериозни, неуредни или неверни само на темел на хороскопскиот знак. И тоа за само 10 минути од разговорот! Не се однесувајте како да знаете сè за мажот со кој сте излегле прв пат.

Потенцирање на сексуални теми

Приказната за тоа што сакате во кревет сепак оставете ја за некој иден состанок.

Не сакам да читам/слушам за тоа

Ако немате исти афинитети, задржете ја ова информација за себе и дадете им шанса на темите кои ве зближуваат.

Еј, ова, мислам, знаеш…

Не мора да зборувате како дама од 19 век, но би требало да се служите со пристојни реченици. Ако ви се случува „блокада на мозокот“ или „брз јазик“, пред состанокот размислите што ќе зборувате и сконцентрирајте се.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар