Прашања на кои мора да им го знаете одговорот во 30-тите години

Прашања на кои мора да им го знаете одговорот во 30-тите години

Автор: Сара турановиќ

Дваесеттите се години за експериментирање, истражување и поставување прашања, но веќе во триесеттите треба да ги знаете одговорите на одредени прашања. Сè уште сте млади и на врвот на својата енергија, учите и напредувате секој ден. За разлика од дваесеттите, во триесеттите имате поголема самодоверба, посигурни сте во себе, го имате пронајдено она што го сакате и ве прави среќни, но исто така сфативте кои ви се лажни пријатели и работи кои не ви прават задоволство. Погледнете на кои прашања треба да им го знаете одговорот ако сте жена во триесеттите.

1-prashanja-na-koi-mora-da-im-go-znaete-odgovorot-vo-30-tite-godini-kafepauza.mk

Дали живеам живот каков што сакам?

Во дваесеттите сонувавте, но во триесеттите мора да заклучите дали живеете онаков живот каков што сакате.

Дали ќе сакам да ја работам оваа работа и по 10 години?

Додека сме во дваесеттите експериментираме со работата, но во текот на триесеттите сфаќаме дали уживаме во таа работа и дали се пронаоѓаме во неа.

Што ме прави среќна?

Во овие години точно знаеме што сакаме, а што не. Исто така знаеме во што уживаме, а што ни предизвикува стрес.

Дали сакам семејство?

За создавање семејство никогаш не е касно, но триесеттите се години кога поголем број жени одлучуваат што сакаат во својот приватен живот.

Кој досега бил најсреќен момент во мојот живот?

Иако ве очекуваат уште голем број среќни моменти, до триесеттите сигурно сте доживеале барем еден среќен момент.

2-prashanja-na-koi-mora-da-im-go-znaete-odgovorot-vo-30-tite-godini-kafepauza.mk

Дали сум добра ќерка?

Во овој период ја сфаќаме важноста на родителите. Лутење повеќе нема, па почнуваме да ги разбираме некои од нивните постапки, но треба да бидеме свесни дали сме доволно добри спрема нив и дали им даваме сигурност да се потпрат на нас.

Дали треба да чувствувам вина што сум се оддалечила од некои луѓе од мојот живот?

Поголемиот дел од нас научиле без грижа на совеста да се оддалечуваат од некои луѓе, особено од оние кои ја впиваат добрата енергија и лошо влијаат на нас.

Кои се пријателите без кои не можам да живеам?

Најверојатно сите во ова доба ја имаме направено вистинската „ревизија“ на пријателствата. Сигурно сега знаеме кои ни се пријатели за цел живот без кои не би можеле да живееме.

Дали доволно се грижам за своето здравје?

Грижата за сопственото здравје е инвестиција за подобра иднина. Во триесеттите не ни е важно да изгледаме атрактивно туку да бидеме здрави.

Дали тој е личноста со која сакам да го поминам остатокот од својот живот?

Доколку сте во врска со личност за која се надевате дека ќе се промени или прилагоди, време е да тргнете понатаму. Доколку вашиот одговор е потврден, најверојатно сте ја пронашле вашата сродна душа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар