Работи кои треба да почнете да ги правите за себе

Работи кои треба да почнете да ги правите за себе

Повеќето од нас го поминуваат животот правејќи работи за другите. Ако сте родители, целото време им го посветувате на децата. Ако сте вработени, голем дел од времето го посветувате на работата. Ако сте во брак, правите многу работи за вашиот партнер. Одлично е да им помагате на другите, но многу е важно да се грижите и за себе. Погледнете ги работите кои треба да почнете да ги правите за вас уште денес. Кога ќе бидете вашата најдобра верзија, подобро ќе можете да се грижите за другите.

raboti-koi-treba-da-pohnete-da-gi-pravite-za-sebe-kafepauza.mk

1. Насмевнувајте се повеќе

Насмевката активира делови од мозокот кои ве прават поздрави и посреќни. Секој пат кога се насмевнувате, вашата среќа се зголемува поради ендрофините. Ставете си смешна слика како позадина на телефонот, читајте вицови секој ден, чувајте смешни слики од вашите деца. Направете сè што е потребно, но насмевнете се.

2. Смејте се повеќе

Смеата можете да ја гледате како повисоко ниво на насмевката. Смеата предизвикува уште повеќе ендорфин и ве прави уште посреќни.

3. Излезете надвор

Без разлика дали сте во град или сред некое поле, излегувањето надвор е добро за вас. Тоа е одлична терапија, а некои истражувања тврдат и дека ве прави поздрави. Секој ден поминувајте барем малку време надвор, а кога ќе ви се укаже можност одете во природа.

4. Ценете ги вашите чувства

Обрнете внимание на вашите чувства. Дајте им ја почитта која ја заслужуваат. Ако ви се плаче – плачете, ако ви се смее – смејте се, ако ви се вика – викнете на цел глас. Штом ќе почнете да ги цените вашите чувства, ќе можете да продолжите да се движите напред во животот бидејќи сте се погрижиле за најважното нешто во вашиот живот.

5. Бидете благодарни

Ако го читате овој текст, важно е да разберете дека имате многу работи за кои треба да бидете благодарни. Имате пристап до Интернет, а ова значи дека имате и покрив над главата, храна и чиста вода. Ова ве става на врвот на светската популација бидејќи ги имате основните работи за живот. Секој ден заблагодарувајте се за она што го имате.

6. Сакајте се, и тоа нека ви биде приоритет

Обидете се да се грижите за себе на начин кој ви значи. Одете на козметичар, спијте повеќе некое утро, изедете го омиленото чоколадо… Уживајте во малите задоволства.

7. Поставете си граници и држете се до нив

Колку што е важно да се забавувате, важно е да имате и граници. Немојте да им правите лошо на другите и немојте никого да навредувате. Ако нешто не ви се допаѓа, кажете го тоа на убав начин. Ако не бидете разбрани, едноставно заминете си, не обидувајте се да почнете расправија.

8. Избегнувајте токсични ситуации

Има луѓе кои ве сакаат, но има луѓе и кои не ве сакаат. А кога ќе се соединат едните со другите, може да настане ситуација која е токсична за вас. Во овие ситуации најдобро е да си заминете. Одете на друго место, или дружете се со други луѓе.

9. Останете во сегашноста

Живеењето во сегашноста ќе ви помогне на многу начини. Тоа ќе ви даде здрава перспектива и добар поглед кон животот. Го имате само овој момент, па зошто да не го искористите максимално?

10. Забавете

Дишете длабоко. Опуштете се. Сообраќајниот метеж нема да се расчисти ако нервозно удирате по воланот. Кога не можете да ја промените ситуацијата, можете да го промените начинот на кој ќе реагирате. Не се грижете се и опуштете се.

11. Споделувајте

Споделувајте ги вашите подароци и благослови со луѓето кои ги сакате, па дури и со оние кои не ги сакате. Ако имате повеќе пари, донирајте. Ако имате повеќе слободно време, волонтирајте. Помогнете им на оние кои не се среќни колку вас.

Погледнете ги и 10-те принципи кои ќе ви помогнат да ја пронајдете среќата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар