Работи кои треба да ги направите пред да имате деца
Сите велат дека децата ги менуваат работите во семејството од корен, секако во најпозитивната смисла на зборот. Еве предлог-листа на работи кои треба да ги направите пред да се решите на тој чекор. Напоменуваме, исполнувањето зависи од можностите.

1. Појдете на 30-дневен одмор на другата страна од светот, каде културата е тотално различна.
2. Водете љубов на забрането место.
3. Учествувајте на аудиција за на ТВ или радио (само ако ве бива).
4. Направете незаборавна журка и поканете ги сите луѓе кои ги познавате.
5. Направете секси фотографии од себеси, но чувајте ги на безбедно место.
6. Научете да свирите барем на еден инструмент.
7. Научете да зборувате барем еден странски јазик.
8. Посетете го северниот пол.
9. Прочитајте најмалку 30 книги.
10. Скокнете од карпа директно во вода.
11. Планинарете.
12. Ловете риба и потоа згответе ја на плажа.
13. Јавајте коњ заедно со партнерот.
14. Посетете стриптиз-клуб во Лас Вегас.
15. Јавајте на камила.
16. Добро научете еден вид танц.
17. Заљубете се.
18. Напишете книга, па макар и мала која никогаш нема да доживее да се објави.
19. Туширајте се под водопад.
20. Прославете Нова година во центарот на Њујорк.
21. Отидете на љубовен состанок на невидено (blind date).
22. Отидете на карневал во Рио Де Жанеиро.
23. Отидете на Октоберфест во Минхен.
24. Возете се во балон на топол воздух.
25. Менувајте ги работните места додека не бидете задоволни со работата.
26. Купете си куќа или стан.
27. Купете автомобил.
28. Поминете цел ден водејќи љубов во кревет.
29. Трчајте на маратон.
30. Научете да правите коктели.
31. Кажете шега пред многу луѓе.
32. Одете на нудистичка плажа.
33. Научете еден добар магионичарски трик.
34. Научете да зготвите неколку вкусни јадења.
35. Завршете го формалното образование, но продолжете да учите.
По сè ова, подготвени сте за ова:

Што би додале на листата?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
