Работете како да не ви требаат пари и сакајте како никогаш да не сте биле повредени!

Работете како да не ви требаат пари и сакајте како никогаш да не сте биле повредени!

Самите се уверуваме себеси дека животот ќе ни биде подобар кога ќе се венчаме, кога ќе родиме бебе, а потоа и второ бебе. Потоа се фрустрираме поради тоа што децата не се доволно големи и си велиме дека ќе бидеме задоволни кога ќе пораснат. Потоа се фрустрираме затоа што си имаме работи со „пубертетлии“. Сигурно ќе бидеме посреќни кога ќе излезат од таа фаза.

Работете како да не ви требаат пари и сакајте како никогаш да не сте биле повредени!

Си велиме дека животот ќе ни биде исполнет кога на нашиот сопруг ќе му дојде памет, кога ќе купиме нов автомобил, кога ќе одиме на патување или ќе се пензионираме. Вистината е дека не постои подобар момент за да бидете среќни од овој што сега го доживувате.

Животот секогаш ќе биде полн со проблеми. Најдобро е да си го признаете тоа и да одлучите дека ќе бидете среќни без оглед на сѐ. Среќата е вистинскиот пат. Чувајте го секој момент што го имате и споделувајте го со посебни луѓе на кои вреди да им посветите време и внимание. Запомнете дека времето не чека никого.

Затоа престанете да чекате

да го исплатите автомобилот,

да купите нова куќа,

да си одат децата од дома,

да продолжите со студиите,

да изгубите 10 килограми,

да качите 10 килограми,

да стапите во брак,

да се разведете,

да имате деца,

да се пензионирате,

да дојде лето,

да дојде пролет,

да дојде зима,

да дојде есен,

да умрете.

Нема подобар момент за среќа од овој сега. Среќата е пат, а не цел. Не заборавајте да работите како да не ви требаат пари, да сакате како никогаш да не сте биле повредени и да танцувате како никој да не ве гледа!

Доколку не можете да најдете причина за среќа, прочитајте ги следниве 9 причини зошто треба да бидете среќни во овој момент.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар