Пудинг торта со мока

Богат кремаст вкус кој никого не остава рамнодушен

Пудинг торта со мока

Потребни состојки:
  • 100 грама брашно
  • 140 грама бел шеќер
  • 140 грама кафеав шеќер
  • 60 грама какао
  • 1,5 лажичка прашок за печиво
  • 1/2 лажичка сол
  • 120 мл млеко
  • 3 лажици масло за јадење
  • една лажичка екстракт од ванила
  • 300 мл мока кафе
Начин на подготовка:
  1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Во садот за печење ставете ги брашното, белиот шеќер, половина од какаото, прашокот за печиво и солта и измешајте ги со виљушка. Додајте им ги млекото и маслото и мешајте со виљушка додека сите убаво не се соединат без да има грутки.
  3. Смесата рамномерно напрскајте ја со кафеавиот шеќер и останатата половина од какаото. Потоа во кафето додајте екстракт од ванила и истурете го рамномерно врз целата смеса. Овие состојки не ги мешајте.
  4. Печете околу 30-35 минути додека површината на тортата не почне да изгледа како да е сува. Оставете да се излади десетина минути, а потоа е спремна за сервирање. Можете да ја послужите со сладолед.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар