Дознајте што открива вашиот хороскопски знак за вашата карма

Дознајте што открива вашиот хороскопски знак за вашата карма

Според будистичкото учење, кармата е принцип кој е изграден врз моралните начела и верувања дека нашиот живот, карактер и судбина се одредени од нашите постапки во претходниот живот. Таа ги претставува човечките добри дела и зла според кои се одредува нашата реинкарнација. Откријте што кажува вашиот знак за животот кој сте го живееле претходно и што кармата ви носи во овој живот…

Дознајте што открива вашиот хороскопски знак за вашата карма

Овен (21 март – 20 април)

Луѓето кои се родени во овој период имаат неверојатна енергија која се граничи со агресивност, но и која им помага да избегаат од монотонијата и самокритиката. Правилното користење на вродените способности на овие луѓе им помага да ги исполнат своите животни цели кои се состојат од пронаоѓање рамнотежа во себе. Бидејќи кај нив се појавува судир на внатрешните искушенија и надворешните предизвици, понекогаш тешко им е да најдат мир и сигурност за кои тежнеат. Но, тоа се менува кога преку саможртвувања и низа неуспеси ќе научат како да се носат со живот дури и тогаш кога им изгледа како тој да работи против нив.

Сè што треба да направите по вашите подеми и падови е да го оставите минатото позади вас и да продолжите да живеете во сегашноста, насочени кон иднината. Вие морате без горчина и самосожалување да им дозволите на искуствата да бидат ваши учители и на тој начин да ја откриете среќата и внатрешната исполнетост која доаѓа со флексибилноста во разбирањето на животот, како и со прифаќањето на сопствените и туѓите граници и можности.

Бик (21 април – 20 мај)

Кармата која ги следи луѓето родени во овој знак се состои од креирање и отворање на сопствениот дух, како и од пронаоѓање на патот кон мудроста, разбирањето и флексибилноста. Овие луѓе од раѓање имаат добиено сигурност и самоувереност која би требало да служи како темел за останатите нивни надградувања. Под нивните експлозивни реакции и склоноста да се покорат на очекувањата и желбите од околината најчесто се кријат сомнежите и стравот дека спротивното мислење би им донело некаков губиток или пораз. Особено од оние луѓе чие мислење им е најважно.

Вие сте исклучително принципиелни, честопати ви се случува да слушате, а да не чуете или пак да гледате, но да не видите. Вие едноставно живеете со погрешното верување дека она што другите го сметаат за вистина е единствената вистина која постои. Токму затоа мора да научите како да се борите против вашата тврдоглавост и конзервативност. Вашата задача се состои од контролирање на сопствената енергија, со цел да почнете помалку да делувате во поглед на завршување на задачите, а повеќе да се посветите кон размислување, анализирање и чувствување со цел да си го отворите патот кон духовноста.

Близнаци (21 мај – 21 јуни)

Кармата кај овој знак се состои од пронаоѓање рамнотежа во својата двојна природа. Тие се вешти, брзи, љубопитни и променливи, па токму затоа ретко ги завршуваат до крај задачите кои им се зададени, иако тежнеат кон тоа да ги постигнат. Вината за неуспехот во овие случаи секогаш ја префрлаат на некој друг и на тој начин бегаат од соочување со сржта на своите проблеми. По природа се нарциси, се доживуваат како подобри од другите и веруваат дека имаат право да очекуваат најдобри позиции и награди, а не сфаќаат дека овие нешта треба и да се заслужат.

Вас подеднакво ве привлекуваат земските прашања како и духовните, но мора прво да научите како да ја совладате својата површност, промената на расположенијата и конфликтите помеѓу размислувањата и делувањата доколку сакате да ги дознаете одговорите. За да постигнете внатрешна рамнотежа потребно е да се посветите на медитација, размислување и самокритична анализа на сопствените постапки. Обрнете посебно внимание на трпеливоста и упорноста. На овој начин ќе научите да ги препознавате решенијата на вашите проблеми на оние места каде што претходно не сте можеле да ги видите.

Рак (22 јуни – 22 јули)

Кармата на овој знак вклучува развивање на својата физичка и материјална природа. Тие од својот претходен живот наследиле развиена духовна свест која сега може да послужи како темел за изградување на практичните извори на нивниот живот. Токму затоа тие мора да ја избегнуваат медитацијата и да се ослободат од емотивноста којa во нив раѓа потреба за постојани докази на љубов, внимание и лојалност. По својата природа Раковите не се војници и потполно е нереално од нив да се очекува борбеност или агресивност.

Кога сте присилени да се борите против вашите верувања, вие секогаш завршувате како губитници и толку затоа ви страда самодовербата и кај вас се раѓаат нови комплекси и фрустрации. Бидејќи оваа борба е нефер и вознемирувачка, вие едноставно треба да се тргнете од неа. Вашата самоувереност и самодоверба се темели на вистински и проверен квалитет, па токму тоа треба да биде вашето најсилно оружје. Кога ќе сфатите дека духот и телото можат да бидат целосни, вие ќе ја зголемите вашата независност и ќе сфатите дека соочувањето со животот не мора да биде толку болно.

Лав (23 јули – 23 август)

Од својот претходен живот, Лавовите во овој свет носат развиена свест за реалноста. Тие претходно успеале да постигнат оптимална рамнотежа помеѓу духовните и материјалните потреби и знаат како да се задоволат себеси, но и како да ја задоволат околината. Токму затоа тие очекуваат во сите области од својот живот да се почитува нивниот авторитет. Но, доколку претераат со егоизмот и егоцентричноста, без разлика на нивните квалитети, тие можат да го нарушат развојот на својата личност. Нивната карма се состои од тоа секогаш да слушаат што другите имаат да им кажат и да им дозволат да научат нешто од тоа.

Бидејќи поседувате вродена способност да го разликувате доброто од злото, доколку им верувате на своите инстинкти нема да дојдете до ситуација каде што би биле излажани. Искреноста, отвореноста и едноставноста ви ги отвора сите врати. Но, не смеете да ги омаловажувате послабите од себе и да ги проценувате туѓите животни вредноста само според вашите стандарди. Вие мора да сфатите дека животот е разновиден и дека како таков треба да го прифатите.

Девица (24 август – 22 септември)

Луѓето родени во овој знак наследиле самодисциплина, која овозможува стекнување на способноста да развијат добар став кон материјалните вредности, трудот и учењето. Тие веруваат дека е нивна должност да ги чуваат под контрола своите чувства, во име на поголемата слика. Со овие постапки, кои многумина не ги разбираат, тие несвесно се изолираат од оние луѓе кои тежнеат кон топли човечки односи и кои поради нивната несигурност и страв од зближување погрешно ги толкуваат како студеност и недостапност. Нивна задача е да научат како да се грижат за другите и да изразуваат наклонетост и љубов, како со зборови, така и со дела. Тие мора да се заштитат од критиките и да не се откажат од идејата да ги сфатат и туѓите мотиви.

Иако сте способни за давање, исто како и за примање, вие во сè што правите сте премногу преокупирани со размислување за себе и за својата позиција, па токму затоа би требало повеќе да се потрудите при препознавањето на вашите чувства и повеќе да се наклоните кон нив. На овој начин ќе ги избегнете бескрајните самоанализи кои постојано раѓаат нови сомнежи во изградбата на вербата во вас и вашите одлуки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар