Психолозите со сурово искрена изјава: Ако туѓите дела и зборови ве повредуваат – самите сте си криви!

Психолозите со сурово искрена изјава: Ако туѓите дела и зборови ве повредуваат – самите сте си криви!

Ако одлучиме другите луѓе да не можат да ни го расипат расположението или да ни ги повредат емоциите, тогаш така и ќе биде! Марко Аврелиј дава одличен пример за влијанието на перцепцијата на свеста во книгата „Медитации“ (Meditations).

„Променете ги своите мисли и чувството на повреденост ќе исчезне. Престанете да се жалите за околностите во кои се наоѓате и непријатноста ќе исчезне.“

Со други зборови, престанете да мислите негативно и животот ќе ви стане многу поубав!

Оние што постојано негодуваат во сè, постојано и ќе наоѓаат нешто лошо и тоа ќе се одрази на нивниот живот. Туѓите постапки и зборови не можат да го нарушат квалитетот на животот освен ако вие самите не го дозволите тоа. Кога знаете кои сте и кога имате изградена висока самодоверба, никој не може да ве убеди во спротивното.

Ако се чувствувате засрамено или лошо поради зборовите кои ви биле упатени, вие самите сте си криви за тоа, бидејќи сте им дале дозвола да ве повредат.

Морате самите да управувате со своите емоции и да ги контролирате доколку сакате среќен живот. Психолозите се едногласни, доколку сакате да имате среќен живот владеењето со емоциите е од клучно значење. Ако туѓите зборови имаат моќ да ви го нарушат целиот ден, време е да поработите на контролирање на емоциите и умот.

Емоционалната штета е многу полоша од физичките повреди и остава многу длабоки траги. Ничии зборови не би смееле да влијаат на вашето однесување и на емоциите. Туѓите мислења секогаш ќе бидат тука, но тоа што вие го мислите и чувствувате и начинот на кој се гледате себеси е единственото нешто што е важно.

Прочитајте ги и овие 7 правила за среќен живот препорачани од најдобрите психолози.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар