Пролет: Совршен период за ослободување од токсичните луѓе во животот

Пролет: Совршен период за ослободување од токсичните луѓе во животот

Со доаѓањето на топлите денови започнува и активноста што многумина ја знаат како „пролетно чистење“. Вие имате доволно енергија и волја да ги исчистите шкафовите, да ја средите гаражата, да се ослободите од старите работи што ви фаќаат прашина и да ги зачувате само оние нешта што имаат некаква корист или сентиментална вредност за вас. Целта на ова е да си овозможите простор за дишење.

prolet-sovrshen-period-za-osloboduvanje-od-toksichnite-lugje-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk

Но, постојат и други нешта од кои треба да се ослободите. Концептот за пролетно чистење може да се примени во сите области од животот, а понекогаш не мора ни да се чека пролетта за да се направи – особено ако станува збор за токсични луѓе во нашиот живот, оние што ја нарушуваат нашата среќа и имаат лошо влијание на нас. Не заборавајте на ова.

Најдоброто нешто кај пролетното чистење е тоа што вие одлучувате што да исфрлите, а што да зачувате. Да, можеби некоја блиска личност ќе ви помогне со одлуките поставувајќи прашања како: „Дали навистина ти се потребни тие грди златни чевли?“ Но, вистината е дека без разлика на тоа што ќе чуете од другите, ако навистина ги сакате златните чевли, вие нема да се ослободите од нив. Можеби дури и планирате да ги носите следниот викенд кога ќе излезете и воопшто не ве интересира тоа што луѓето не сфаќаат колку се тие одлични. Ако чевлите прават да се чувствувате добро, задржете ги. Вие сте одговорни за сопствената среќа.

Истото важи и за луѓето околу вас. Во животот, ние секојдневно градиме врски, започнувајќи од луѓето што ги знаеме откако сме биле деца и оние што ги запознаваме на факултет или на работа, па сè до поштарот или соседот со кој се поздравувате во утринските часови. Човечката интеракција, во голема мера е многу важна. Таа е клучна за да се чувствуваме поврзано со останатите. Но, мора да бидеме внимателни и мудри кога одлучуваме со кого ќе имаме интеракција.

За среќа, ова е многу поедноставно одошто мислите. Сè што треба да направите е да се опкружите со луѓе што ве почитуваат и што се тука за вас дури и во најтешките моменти. Да се опкружите со луѓе што можат да бидат навистина среќни за вас кога е време за славење. Да се опкружите со луѓе што ќе ви помогнат да бидете најдобрата верзија од себе, како и со оние што ќе ви помогнат да се изградите одново кога ќе паднете на дното. Без разлика дали станува збор за интимна врска, за пријателство или за член на семејството, ако тие не можат да ги прават овие нешта за вас, тогаш едноставно не заслужуваат да бидат дел од вашиот живот.

Многумина се плашат да стават крај на токсичните врски поради долгата историја или милион други причини што им паѓаат на памет. Но едноставната вистина е дека луѓето со кои се смеете и споделувате пијалак за време на сончевите денови не се секогаш дел од вашиот план за среќен и исполнет живот. Сите врски мора да вклучуваат размена на давање и примање. Не можете само вие да вложувате во една врска и да очекувате дека таа ќе успее и ќе ве направи среќни. Во животот има потреба од баланс, а здравите врски се само шлагот на тортата што го прави постоењето малку послатко од претходно.

Пролетта е тука. Направете го најдоброто за себе и за вашиот живот.

Прочитајте ги и овие 3 совети за пролетно чистење на умот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар