3 совети за пролетно чистење на умот

Време е за пролетно чистење. Уште една година, уште една пролет и уште една можност да преземете контрола. Ако не ја сакате зимата, или ако изминативе месеци ви биле напорни, тогаш ова е совршен период да ги наполните вашите батерии и да почнете одново. Во продолжение погледнете ги овие совети поддржани од науката кои ќе ви помогнат да го исчистите вашиот ум и да се чувствувате релаксирано пред жешките летни денови.

3 совети за пролетно чистење на умот

1. Откријте од што навистина се состојат вашите негативни мили

Вашите стравови, грижи и негативни мисли оперираат во вашиот ум многу брзо. Ќе забележите привлечен дечко или згодна девојка што се движи кон вас, и веднаш се плашите. Одеднаш сите несигурности и лоши искуства со спротивниот пол ви доаѓаат на ум. Не знаете што ви се случува, но сигурни сте дека сте ја изгубиле целата самодоверба пред таа личност.

Единствениот начин да се ослободите од оваа дилема е да ги ставите негативните мисли под микроскоп. Се разбира, не можете да го направите ова ако претходно не ги запишувате. На овој начин ќе можете бавно да ги анализирате и подобро да ги разберете.

Многу истражувања потврдиле дека водењето дневник е добро за менталното здравје. Едно истражување покажало дека 4 неделни сесии со водење дневник, од кои сите траеле по 20 минути, им помогнале на американските ветерани да се справат со животот по војната.

Друго истражување од Универзитетот во Мичиген открило дека пишувањето за вашите чувства ве прави помалку загрижени и ќе ви помогне подобро да сработите некоја стресна задача. Сите овие истражувања укажуваат дека би требало да почнете да водите дневник, па можеби треба барем да се обидете. Покрај тоа, зарем има нешто лошо во тоа да се запознаете подобро?

2. Медитирајте како животот да ви зависи од тоа

Животот е полн со стрес и ситуации кои предизвикуваат анксиозност, а ако имате лош темперамент, ситуацијата е уште потешка. Лошото однесување може да ви предизвика многу проблеми на работното место, но и со семејството и пријателите. Па, дневната медитација ќе го намали стресот, ќе ја зголеми вашата свесност, ќе ви го подобри вниманието, ќе ги намали симптомите на депресија, ќе го подобри спиењето и ќе ви го подобри расположението. Па, зошто да не се обидете? Без разлика колку сте зафатени, сигурно имате 5 минути коишто можете да ги одвоите. Покрај тоа, денес има безброј апликации и видеа на Јутјуб кои можат да ви помогнат.

3. Трчајте

Физичката активност секогаш е одлична идеја. Барем еднаш неделно трчајте или посетете теретана. Не правете го тоа само за да изгледаат добро. Постојат други активности кои ќе ви помогнат побрзо да изгубите тежина. Правете го тоа за да научите како да ги контролирате вашите мисли и како да ја задржите острината на вашиот ум.

Погледнете ги и овие алтернативни форми на медитација кои ќе направат да се чувствувате неверојатно.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар