Пробајте ги овие 7 летни плетенки доколку ви е смачено од коњски опавчиња и пунџи

Целата претходна недела ја носевте вашата коса собрана во пунџа или цврсто коњско опавче и се чувствувате како веќе да ви е смачено од овие фризури? Нема проблем, имаме одлична идеја за вас! Погледнете ги следниве 8 летни плетенки што истовремено и изгледаат возрасно и ќе ви помогнат да го оставите вашиот врат да „дише“ на раат за време на високите температури.

1. Плетенка во форма на ниска круна

Овие плетенки делуваат помладолико кога се носат високо на главата, но ако ги потспуштите малку надолу ќе ги претворите во кежуал фризура што е совршена за секојдневието.

2. Растурена плетенка

Оваа фризура е подобрена верзија на класичното коњско опавче. Растурената плетенка е совршена за сите ситуации, од обичната прошетка во парк до свадбената прослава на вашата најблиска пријателка.

3. Плетенка во форма на лента за коса

Лентите беа одличен начин да ја тргнеме нашата коса од очите кога бевме деца, но тие не само што излегоа од мода, туку и воопшто не одговараат на возрасна жена. Но, ако ги замените со плетенка, тогаш без сомнение ќе добиете возрасен пош изглед!

4. Плетенка како патец

Станува збор за плетенката на летото. Оваа фризура ќе направи да изгледате поженствено додека истовремено и ќе ви ја тргне косата од лицето.

5. Странична плетенка

Ако ги сакате плетенките во форма на круна, но не сте расположени за целосно собирање на косата тогаш страничната плетенка е совршениот избор. Со неа ќе изгледате многу опуштено и женствено.

6. Сплетена пунџа

Дури и ако ви е здодеано од пунџите, мора да признаеме дека тие се навистина спас за време на летните горештини. Но, не сите пунџи треба да изгледаат исто. Освежете го вашиот изглед со сплетена пунџа!

7. Пунџа во форма на цевка

Пола француска плетенка, пола испревртен твист, оваа пунџа во форма на цевка што била измислена од фризерката Ники Велш е нешто што досега сигурно го немате видено!

Нов тренд на социјалните мрежи: Розови плетенки во форма на цвеќиња!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар