Природен и здрав чоколаден пудинг

Природен и здрав чоколаден пудинг

Подгответе го брзо, јадете го уште побрзоПрироден и здрав чоколаден пудингПотребни состојки:

  • 170 грама непечени несолени индиски ореви
  • 350 мл вода
  • 3 капки екстракт од ванила
  • 1 капка екстракт од какао (опционално, но дава одличен чоколаден вкус)
  • 110 грама какао
  • 1 прстофат морска сол

Природен и здрав чоколаден пудингНачин на подготовка: Блендирајте ги заедно сите состојки додека не добиете мазна смеса, додавајќи повеќе вода или ванилин екстракт по потреба. Сервирајте во 4 мали длабоки садови за пудинг.

Напомена: Бидејќи треба да блендирате јаткасти плодови, вашиот блендер треба да е доста јак за да можете да добиете мазна смеса на крајот.Природен и здрав чоколаден пудинг


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.