Пријавете се и уживајте: Наместо работа од дома, може и од „смарагдниот остров на Карибите“

Пријавете се и уживајте: Наместо работа од дома, може и од „смарагдниот остров на Карибите“

Карипскиот остров Монтсерат, кој слободно можеме да го наречеме рај, им ги отвори вратите на дигиталните номади, односно на сите оние кои можат да работат од удобноста на својот дом. Кој сака, можеби би можел да размисли да го направи овој остров свој дом за една година.


Пријавете се и уживајте: Наместо работа од дома, може и од „смарагдениот остров на Карибите“

Идејата и желбата е да им овозможат на заинтересираните да испробаат совршен деловен и приватен баланс, бидејќи тука, кога ќе завршите со вашата работа, ве очекуваат егзотични плажи и богата културна понуда. Со ограничувања поради пандемијата, воопшто не се сомневаме дека голем дел од дигиталните номади наскоро ќе се преселат во Монтсерат.

Пријавете се и уживајте: Наместо работа од дома, може и од „смарагдениот остров на Карибите“

Сепак, нешто треба и да се плати. За да аплицирате за дозвола, треба да дадете 395 евра за едно лице или 595 евра за целото семејство (до 4 члена). Кандидатите треба да покажат доказ за вработување и да имаат годишен приход од најмалку 52 000 евра што секако ќе елиминира значителен број апликанти.

Островот се наоѓа во источниот дел на Карибите и зафаќа вкупна површина од 39,5 квадратни километри. Покрај веќе неверојатните плажи, тој е украсен со одлична мрежа на пешачки патеки, но и активен вулкан – Софриере Хилс.

Сите потребни информации за една година уживање во Монтсерат, ќе ги најдете на овој линк.

Дали знаевте дека на португалскиот остров Мадеира се отвора првото село за дигитални номади?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар