Претворете го стресот во успех во само 6 чекори

Дали некогаш сте си поставиле некоја цел, толку голема што заради неа сте биле под стрес, сте си создале анксиозност, па дури и сте се запрашале „Зошто по ѓаволите го правам ова?!“ Што ако можевте таа анксиозност да ја претворите во фокус, што би водело до посакуваните резултати? Погледнете како да го направите тоа.

pretvorete-go-stresot-vo-uspeh-so-samo-6-cekori-kafepauza.mk.jpg

1. Морате да го посакувате успехот повеќе од сè

Мора да постои страсна желба да ја постигнете вашата цел. Ако не чувствувате пеперутки во стомакот, ова нема да функционира за вас. Треба да работите за нешто што навистина го сакате. Стресот што се појавува кога работите кон некоја ваша страст е енергија што можете да ја насочите да ве турне кон целта, наместо да ве прави неспособни. Затоа, осигурете се дека сте водени од страст и дека сте посветени на искуството.

2. Утврдете ја вашата улога

Дали се гледате како личност која мора да ја достигне својата цел? Сега можете да видете колку е важно првото правило. Мора да имате огромна желба да ја постигнете целта, бидејќи второто правило е да си дозволите да бидете личноста која ќе го стори тоа. Дали помислата на тоа ве плаши? Можете тој страв да го насочите кон успехот.

3. Разликувајте добар стрес од лош стрес

Кога се обидувате да ја креирате вашата визија, нормално е да искусите стрес, но важно е да знаете кој е добар, а кој не. Телото се развива кога е под стрес. Стресот поттикнува зајакнување на карактерот, како и емоционален и духовен развој. Кога го следите вашиот сон сигурно ќе имате и подеми и падови, но сето тоа само ќе ве направи посилни. Лошиот стрес е кога не превземате контрола над вашиот живот. Оттргнати сте од вашата страст, во вашата безбедна зона, а сепак работите одат на полошо. Овој стрес ве прави послаби и ви вели „Кутриот/кутрата јас“. Соништата не се остваруваат со самосожалување. Ако сметате дека анксиозноста ве слабее, сменете го начинот на размислување и ќе ја видите разликата.

4. Опкружете се со успешни приказни

Самите ставајте се во ситуации каде што можете да сретнете луѓе кои веќе го постигнале она за кое вие сонувате. Дозволете да ве понесе нивната енергија. Многу поверојатно е да изведете банџи-скок ако и другите околу вас скокнале. Почнете да се гледате како тие луѓе, претворете ја анксиозноста во фокус и скокнете!

5. Верувајте дека ќе победите

Ќе сретнете многу луѓе кои ќе се обидат да ве премислат за вашиот сон. Тие можеби ќе мислат дека ви помагаат, но ваквите дискусии само ќе ви предизвикаат сомнежи и повеќе стрес. Не им дозволувајте да ве одвратат. Вие сте водичот на вашиот живот, и учтиво кажете му дека можете.

6. Не се парализирајте од нелогични стравови

Ако ви е страв од височина – скокнете, ако ви е страв од вода – пливајте секој ден! Претворете го тој нереален страв во предизвик и уживајте!

Таму каде што има стрес, има и развој. Сè додека туркате понатаму и не се повлекувате, можете да ја претворите целата таа енергија во фокус.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар