Престанете да се помирувате и почнете да живеете живот со цел

Постојат милиони луѓе кои не си поставуваат цели. Можеби имаат некои соништа, можеби запишале нешто, но никогаш не направиле детален план за постигнување на посакуваната цел.

Престанете да се помирувате и почнете да живеете живот со цел

Повеќето од нас сакаат да размислуваат за нештата што посакуваме да ги имаме или да ги направиме некогаш. Навистина е лесно да мислите како некој ден ќе направите нешто. Некој ден кога сè ќе оди по план или кога ќе имате време.

Но, важно е да знаете дека тоа никогаш нема да се случи. За жал дури и најуспешните луѓе можат да живеат со оваа илузија.

Концептот на дизајнирање живот со цел значи да го живеете вашиот живот со некаква намера. Да не си дозволите бесцелно да талкате и да ги надминувате предизвиците еден по друг без навистина да се движите напред. Со ова се опишани поголемиот дел од луѓето кои се фрустрирани од нивниот живот, не се задоволни од нивните плати, врски и околности и кои не знаат што да прават во врска со тоа. Ако живеете живот со цел, вие сте постојано свесни за нештата што ви се важни, за вашите вредности и за нештата што навистина ве допираат.

Што навистина ве допира?

Кога ќе ги знаете вашите вредности и кога ќе бидете свесни за она што навистина ве инспирира, ќе донесувате подобри и посвесни одлуки за вашиот живот и за насоката во којашто се движите. Тогаш можете да си поставите цели што ќе ве водат во таа насока. Овој свесен пристап на донесување одлуки и подготвување за предизвиците ви помага да го исправите вашиот курс и да ги донесете најдобрите одлуки за вашиот личен пат.

Во теорија ова звучи одлично, но сигурно и овој пат можете да најдете изговор. Ваш е изборот дали ќе барате изговори или ќе го дизајнирате вашиот живот. Ако навистина го посакувате животот од соништата, потребно е да истапите и да направите некои промени.

Зошто да живеете живот што не ве прави среќни? Животот е премногу краток за да бидете мизерни и да се помирите со услови што ве прават несреќни. Се разбира, ова не значи дека секогаш ќе бидете во добро расположение и дека сè ќе оди по планот само затоа што сте поставиле цели. Ова може да значи уште повеќе неуспеси за разлика од просечната личност, но кој би се задоволил со просечност? Просечноста е нешто со коешто се тешите бидејќи ги немате нештата што ги сакате. Просечноста значи да го немате она што навистина го сакате и да се помирите со она што ви го дал животот.

Што ве запира?

Вистината е дека можете да имате повеќе. Можете да имате подобра работа, подобра плата, подобри врски со саканите. Што ако одвоите повеќе време за вашите духовни верувања, за патувања или за да им помогнете на оние што им треба помош? Што ако одвоите време за да изградите нешто или да бидете нечиј учител? Ова се нештата што ги сакате но обично ги заменувате со нешто друго верувајќи дека треба да се откажете од вашите желби и да го прифатите она што ви е дадено.

Светот секогаш ги наградува оние кои излегуваат и кои го бараат она што го сакаат од животот. Овие луѓе имаат поисполнети животи и нивните желби стануваат реалност само затоа што се одлучиле да ги следат.

И вие можете да го направите истото. Прво треба да одлучите што е она што навистина го сакате, а потоа да се подготвите за навистина напорна работа. Секој ваш сон навистина може да стане реалност.

Пробајте ги и овие трикови што ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар