Празнични мафини: Магија за сечија трпеза

Празнични мафини: Магија за сечија трпеза

Како што ни се доближуваат новогодишните празници, така и љубителите на декорациите почнуваат со својата потрага за оригинални декоративни идеи и десерти. За да ви олесниме во потрагата, решивме да ги споделиме овие одлични колачи во облик на снежни кугли кои без сомнение ќе бидат најоригиналниот и најкреативниот украс на вашата трпеза…

(1) Празнични мафини: Магија за сечија трпеза

Потребни состојки:
  • Готови мафини
  • 12 листови желатин
  • Ледена вода
  • 8 балони
  • 8 дрвени стапчиња
  • Леплива трака
  • Парче стиропор
  • Спреј за десерти (можете да го направите сами: во чиста боца со распрскувач поставете малку растително масло и течен лецитин во ист размер)
Начин на подготовка:

(2) Празнични мафини: Магија за сечија трпеза

Во чинија со ледена вода ставете ги желатините, еден по еден, и оставете ги да отстојат 10 минути. Откако ќе омекнат, извадете ги од водата и нежно истиснете го вишокот вода од нив, па префрлете ги во мало тенџере. Додадете им 3 лажици вода и загревајте ги на тивок оган сè додека не се растопат. Оставете ги малку да се оладат, но внимавајте да не претерате и тие целосно да се стврднат. Во тој случај, загрејте ги повторно.

Додека желатинот се лади, надувајте 8 балони со големина на калапот за мафини кој го имате и залепете ги со лентата на стапчињата. Испрскајте од спрејот на вашите дланки и потоа нежно премачкајте ги балоните сè додека маслото не се впие целосно. Балоните не смеат да бидат сјајни и масни. Оладениот желатин ставете го во шолја со ширина на балонот и доволна длабочина да може тој целосно да се потопи. Откако ќе го потопите балонот во желатин, оставете го да отстои 10-тина минути. Балоните се подготвени тогаш кога веќе нема да бидат лепливи на допир.

Повторете го потопувањето во желатин, но овој пат поставете ги балоните на стиропорот и оставете ги да отстојат 24 часа на собна температура. Откако желатинот на балоните ќе стане цврст, вие сте спремни за следниот чекор. Со цел да ги одвоите куглите желатин од балонот, исечете го онаму каде се спојува со стапчето. Балонот ќе се издува, па потоа лесно ќе можете да го извлечете. Доколку не се одвои веднаш, дадете му време да отстои (од 5 до 45 минути).

Отворот на секоја од куглите обликувајте го со ножици, така да што да одговора на секој мафин. Пред да ги нанесете куглите на мафините, секој од колачите премачкајте ги со бел крем по избор и посипете ги со кокос, со цел да изгледаат снежно. На секој мафин поставете и шеќерна декорација во празничен дух, како Дедо Мраз, Снешко, ирваси, елки… И за крај затворете ги со куглата од желатин. Сите ваши роднини и пријатели ќе бидат воодушевени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар