Правила за животот што секоја жена треба да ги знае

Правила за животот што секоја жена треба да ги знае

Правилата за животот на Оливија Џулс се преземени од книгата „Оливија Џулс“ и од бујната фантазија на авторката Хелен Филдинг.

Правила за животот што секоја жена треба да ги знае

1. Не паничете. Застанете, дишете, размислете.

2. Никој не мисли на вас. Секој мисли само за себе, исто како и вие.

3. Никогаш не менувајте ја фризурата или бојата на косата пред важен настан.

4. Ништо не е толку лошо или толку добро колку што изгледа.

5. Правете го она што би сакале да ви го прават другите.

6. Подобро е да купите една скапа работа што навистина ви се допаѓа отколку неколку евтини што само половично ви се допаѓаат.

7. Малку работи се навистина важни. Ако се нервирате, запрашајте се: „Дали е ова навистина важно?“

8. Тајната на успехот е во тоа како да се справите со неуспехот.

9. Бидете искрени и љубезни.

10. Купете го само она во коешто би заиграле.

11. Верувајте им на вашите инстинкти, а не на вашата бујна фантазија.

12. Не очекувајте светот да биде безбеден, а животот праведен.

13. Понекогаш треба да им дозволите на работите да одат по својот тек.

14. Не жалете за ништо. Запомнете дека ништо друго не можело да се случи, имајќи предвид какви сте биле тогаш и во каква состојбата. Единственото нешто што можете да го промените е сегашноста, па затоа учете од минатото.

15. Ако почнете да жалите за нешто и помислите: „Требаше да…“, секогаш додајте, „но можеби тогаш би се случило нешто друго.“

Прочитајте ги овие 3 совети со кои ќе станете навистина среќна личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар