Прашања и одговори за маскарата

Прашања и одговори за маскарата

Автор: Ивана Петковска

Сите професионалци во шминкањето тврдат дека она што мора секоја девојка да го има е маскарата. Во право се. Маскарата е дел од шминката што не смее да се изостави. Нејзината моќ за момент да ја смени сликата на женските очи е непроценлива. Таа е „must have“ парче во секој женски несесер. Особено се препорачува за дневната шминка, којашто може да содржи само маскара и сјај за усни, а сепак да имаме гламурозен изглед.

Прашања и одговори за маскарата

Еве неколку прашања и одговори за маскарата што сигурно би сакале да ги знаете:

1. Дали треба да ставаме два слоја маскара и зошто?

И самите при нанесувањето можете да забележите дека еден слој маскара не е доволно драматичен, но повеќе слоеви маскара создаваат неверојатно густи трепки коишто во светот се познати како изглед на „пајакови нозе“.

Прашања и одговори за маскарата

2. Кога треба да се нанесе вториот слој маскара?

Вториот слој маскара не смее да се нанесе веднаш после првиот. Треба да почекаме некое време за малку да се исуши претходниот слој, но не целосно, затоа што нанесувањето маскара на веќе исушен слој, може да доведе до згрутчување на трепките.

3. Како да го спречиме размачкувањето при нанесување маскара на долните трепки?

Завиткајте марамче под очите и со едната рака држете го, додека со другата рака ќе нанесувате маскара. При тоа внимавајте да не притискате силно со марамчето за да не доведе до размачкување на веќе нанесената маскара.

Прашања и одговори за маскарата

4. Дали може да се користи подвиткувач за трепки после нанесувањето на маскарата?

Подвиткувачот може да се користи пред и после нанесувањето на маскарата, но попрепорачливо е пред нанесување. Но, доколку подвиткувачот го користите по нанесувањето на маскарата, претходно мора да сте сигурни дека таа е целосно исушена затоа што може да дојде до слепување на трепките.

Прашања и одговори за маскарата

5. Како да го спречиме пребрзото сушење на маскарата?

Сите знаеме дека најдолгиот период на траење на една маскара откако е отворена, треба да биде максимум 6 месеци. После нанесувањето на маскарата, треба да ја затворите цврсто и секогаш одбегнувајте влечење на четкичката внатре и надвор од маскарата затоа што тоа доведува до нејзино побрзо сушење како резултат на пропуштање воздух во тубичката.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар