Практични и ефикасни трикови: Како брзо и темелно да го исчистите вашиот дом?

Чистењето на домот е нешто што го правиме секојдневно. Прашината, бактериите, влакната од нашите домашни миленичиња, непријатните мириси на тепихот или душекот за спиење… Сите овие се само дел од работите од кои треба да се ослободиме доколку сакаме да живееме и функционираме во чиста околина. Така, речете им збогум на скапите средства за чистење и прочитајте ги следниве 9 трикови кои вклучуваат само природни, едноставни, евтини и што е најважно делотворни препарати за чист и блескав дом.

Практични и ефикасни трикови: Како брзо и темелно да го исчистите својот дом?

1. Цимет за пријатен мирис

Нанесете неколку капки цимет на тепихот и потоа изметете го со правосмукалка. Во воздухот веднаш ќе забележите пријатен мирис. Се разбира, одлучете се ова да го направите пред да ја изметите целата кука. Овој метод е неспоредливо подобар од прскањето со најразлични хемиски средства и освежувачи на воздух, бидејќи нема да вдишувате никакви штетни хемикалии.

2. Пена за бричење за сјајно огледало

Нанесете малку пена за бричење на огледалото и пребришете го со чиста крпа. Освен што ќе ги отстраните нечистотиите ќе направите и еден дополнителен слој на стаклото кој ќе го штити огледалото од замаглување додека се туширате и од греботини.

3. Маслиново масло за челик кој не рѓосува

Ставете малку маслиново масло на една чиста крпа и избришете. Потоа со делот од крпата на кој нема масло, пребришете ја површината уште еднаш за да го соберете остатокот. Тврдокорните дамки и отпечатоците од прсти веднаш ќе исчезнат.

4. Гумените ракавици ги собираат влакната од домашните миленици

Ставете обични гумени ракавици и поминете по површина на мебелот по кој се движеле вашите миленичиња и на кои се собрале влакна. Тие ќе се залепат за гумата. Потоа, исперете ги ракавиците со вода за да ги отстраните влакната. За да избегнете затнување на одводот, измијте ги ракавиците надвор или набавете хируршки ракавици кои можете да ги фрлите веднаш по чистењето.

5. Сода бикарбона за чиста рерна

Помешајте сода бикарбона со вода за да добиете густа смеса. Нанесете ја на оние делови од рерната кои сакате да ги исчистите, како на пример внатрешноста на рерната или стаклената врата, но избегнувајте да ја ставате на грејачите. Оставете ја смесата да делува преку ноќта. На овој начин, тврдокорните дамки и наслаги ќе омекнат и ќе биде многу полесно да ги отстраните и тоа само со една мокра крпа. Ако останат некои делови кои не омекнале и не можете да ги отстранете, тогаш обидете се со малку оцет кој ќе реагира со содата и ќе направи пена.

6. Микробрановата печка може да го дезинфицира сунѓерот за миење садови

Натопете го сунѓерот во мешавина од вода и лимонов сок и ставете го во микробрановата печка на една минута. Тоа ќе ги уништи сите насобрани бактерии.

7. Оцет за чиста славина без дамки и бигор

Ставете памук натопен во оцет на местата каде што се собрал бигор, а доколку имате, можете да користите и брусна хартија. Оставете оцетот да делува неколку минути и потоа избришете со вода.

8. Сода бикарбона за непријатната миризба од душекот

Нанесете сода бикарбона на целиот душек, оставете да делува околу 8 часа и потоа изметете со правосмукалка. Содата ќе ги неутрализира сите непријатни мириси, а ќе уништи и неколку бактерии.

9. Пластичните играчки и украси исчистете ги во машината за миење садови

Ова важи, се разбира, само за оние предмети кои не работат на батерии и електрична струја. Наредете ги во машината и измијте ги исто како да миете садови, заедно со вообичаеното средство за миење. Тие ќе бидат чисти и дезинфицирани, што е особено значајно доколку имате деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар