Запознајте го Алос: Мачето со најхипнотизирачките очи во различна боја

Запознајте го Алос: Мачето со најхипнотизирачките очи во различна боја

Ова преслатко маченце од Турција кое има малку закривени очиња во две различни бои, зелена и сина, стана најновата интернет сензација. Сопственичката на снежно белиот Алос, Бурџу Кајнак, вели дека отсекогаш знаела дека нејзиното маче е посебно и поради неговата хетерохромија (состојба која настанува поради недостаток на меланин) сакала најпрвин да го крсти Дејвид Боуви, но се одлучила за името Алос кое е турска варијација од латинското име Aiolos со значење пргав, брз, темпераментен.

Запознајте го Алос: Мачето со најхипнотизирачките очи во различна боја

„За мене, неговите очи се најпрекрасните очи на светот. Неговата состојба воопшто не влијае на неговиот вид. Луѓето се многу заинтересирани за него, независно дали станува збор за социјалните медиуми или прошетките надвор“, вели Бурџу.

Алос има само 2 години и веќе брои преку 11.000 следачи на неговиот официјален профил на Инстаграм. Сигурни сме дека следниве фотографии ќе ви покажат зошто тој е толку популарен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар