Посна пица со ајвар: Необична, вкусна и готова за 10 минути!

Израдувајте ги најблиските што необична пица за празниците

(0) Посна пица со ајвар: Необична, вкусна и готова за 10 минути!

Потребни состојки:
За тестото:
  • 450 грама брашно
  • 280 милилитри вода
  • 70 милилитри масло
  • 1/2 коцка квасец
  • 1,5 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
За сосот:
  • 2 лажици кечап
  • 2 лажици ајвар
  • 100 грама маслинки
  • 100 грама шампињони
  • 1/2 главица кромид
  • 3 поголеми кисели краставички
  • 1 мала свежа лута пиперка
  • 50 грама блага пченка
  • 2 поголеми конзерви туна (исечкана на парчиња)
  • 300 растителен кашкавал
  • Оригано
Начин на подготовка:

За да го подготвите тестото, во топла вода, со шеќер, ставете го квасецот за да се подигне. Во друг сад ставете го брашното и маслото, а потоа со подготвениот квасец замесете го тестото. Додека чекате да порасне, подгответе го сосот.

Исцедете ја туната и измешајте ја со ситно исечканиот кромид. Шампињоните исечете ги на тенки ливчиња, пиперката и краставиците на коцки, а маслинките на кругови. Мешајте ги кечапот и ајварот сè додека добро не се соединат.

Подмачкајте голема тепсија со масло и поставете го нараснатото тесто во неа. Можете да го наместите како обична голема пица или пак, да го поделите на мали парчиња. Откако ќе го развлечете во посакуваната форма, ставете го сосот од кечап и ајвар, а потоа распределете ја туната со кромид, па исечканите шампињони, краставичките, пиперката, маслинките и на крај благата пченка. Посипете оригано и за крај, додајте го и крупно ренданиот растителен кашкавал.

Во претходно загреана рерна на 200 степени печете сè додека рабовите на тестото не поруменат. Откако ќе се испече, можете да декорирате со свеж патлиџан и босилек. Добар апетит!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар