Инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека семејството е најважно

Инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека семејството е најважно

Празниците полека пристигнуваат и тоа значи дека ве очекуваат многу фамилијарни собири и средби што понекогаш знае да биде стресно. Можеби ваквите настани ви се здодевни и подготвени сте да сторите сѐ само за да ги одбегнете, но сепак не треба да заборавите на суштинските вредности. Би требало да се сметате себеси за многу среќни доколку имате семејство што ве сака и се грижи за вас. Овие прекрасни цитати ќе ве потсетат зошто семејството секогаш треба да ви биде приоритет…

Инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека семејството е најважно

„Семејствата се како гранки од дрво. Растат во различна насока, но имаат ист корен.“

„Семејството е добитна комбинација на хаос и љубов.“

„Моето омилено место е онаму каде што сме заедно.“

„Кога го сакате она што го имате, тогаш имате сѐ што ви е потребно.“

„Најдете го вашето племе и сакајте го силно.“

„Денешните убави моменти стануваат утрешни скапоцени сеќавања.“

„Семејството не го сочинуваат само луѓето со кои сте крвно поврзани. Го сочинуваат и луѓето во вашиот живот кои сакаат да ве имаат во нивниот. Луѓето кои ве прифаќаат такви какви што сте. Луѓето кои би сториле сѐ за да ве видат насмеани и кои безусловно ве сакаат.“

„Да се има семејство значи да се биде дел од нешто прекрасно. Тоа значи дека ќе сакате и ќе бидете сакани до крајот на вашиот живот без оглед на сѐ.“

„Не е важно колку е голема куќата, туку колку е среќен домот.“

„Не бевме свесни дека создаваме сеќавање. Ние само знаевме дека се забавуваме.“

Инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека семејството е најважно

„Колку постари станувате, толку повеќе ќе го разбирате значењето на приватноста и негувањето на вашиот близок круг во кого треба да им дозволите влез само на одредени луѓе. Можете да бидете отворени, искрени и директни и истовремено да разбирате дека не заслужуваат сите место во вашиот живот.“

„Постојат два подарока што треба да им ги дадете на вашите деца. Едниот е вашите корени, а другиот вашите крилја.“

„Домот не е место, туку чувство.“

„Треба да бидете благодарни за сите проблематични луѓе во вашиот живот. Тие ви покажуваат какви луѓе не треба да бидете.“

„Љубовта најдобро расте во мали куќи каде собите се поделени со помалку ѕидови. Во местата каде што јадете и спиете блиску едни до други и не можете да не комуницирате. Доколку постоеја повеќе соби меѓу вас, замислете колку работи би пропуштиле. Љубовта најдобро расте во ваквите куќи.“

„Сите сме по малку скршени. Но, она што треба да го сфатите е дека и скршените боички бојат на ист начин.“

„Се карате со луѓето кои најмногу ви значат, бидејќи вреди да се борите за тие врски.“

„Не се плашите да бидете свои со луѓето кои ви се најважни, бидејќи знаете дека тие ќе ве сакаат без оглед на сѐ.“

„Вашиот дом нека биде место каде што пријателите ќе се дружат, семејството ќе се собира, а љубовта ќе расте.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар