Подобрете си ја љубовта кон себе во наредните 5 минути

Подобрете си ја љубовта кон себе во наредните 5 минути

Љубовта кон себе е една од најважните атрибути кои морате да ги одржувате. Кога се сакате себеси, другите аспекти од вашиот живот почнуваат природно да си доаѓаат на своето место.

Подобрете си ја љубовта кон себе во наредните 5 минути

Ова се случува бидејќи со љубовта кон себе не постои страв и анксиозност за докажување пред другите. Вие се чувствувате удобно во вашата кожа, живеејќи го животот онака како што ви изгледа вам најдобро. Вие сте целосно среќни и задоволни, без разлика на тоа што не живеете во совршен свет.

Истовремено, вие станувате подобри и посочувствителни со другите околу вас и станувате помoтивирани и поинспирирани при остварување на своите лични цели. Сè што е добро во животот доаѓа од љубовта кон себе, па затоа е многу важно да вежбате како да ја одржувате.

Еве кратка медитација која може да ви помогне доколку имате проблем со прифаќањето и сакањето на себеси:

  • Одберете мирна просторија или околина во која ќе можете да медитирате.
  • Затворете ги очите и 10 пати длабоко и бавно вдишете и издишете.
  • Во мислите пронајдете место каде што ќе можете да бидете релаксирани.
  • Замислете се себеси во вашата имагинација, колку што е можно поискрено и поточно.
  • Потоа кажете ги наредниве неколку потврдувања во вашиот ум неколку пати додека издишувате:

„Јас ја заслужувам мојата љубов.“
„Јас заслужувам среќа.“
„Си простувам на себе за своите грешки.“
„Секој ден станувам сè подобра личност.“
„Јас ја заслужувам мојата љубов.“

  • Кажувајте ги овие потврдувања како навистина да ги мислите, со намера и јасно. Значењето позади зборовите е многу поважно од самите зборови.
  • Дозволете им на топлите и позитивни чувства на љубов кон себе да се насоберат при медитацијата.
  • Кога ќе бидете подготвени да завршите, повторно вдишете и издишете, полека и длабоко, 10 пати.
  • Отворете ги вашите очи и продолжете понатаму со денот имајќи ги на ум речениците кои си ги кажувавте на себе.

Дури и по само една сесија од оваа медитација би требало да забележите разлика во вашите чувства кон себе. Но, за да направите подолготрајна промена мора да ја повторувате оваа вежба најмалку 2 пати неделно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар