Подлабокото значење на зависноста од храна

Дали некогаш сте се запрашале зошто ви се јаде нешто солено, а не благо и обратно? Или пак, можеби сакате мрсна храна, како пица или хамбургер. Но што всушност значи оваа желба? Кој вид храна ви е најголемото искушение?

Интересно е дека онаа храна што ја сакаме ни кажува за најдлабоките потреби на нашите души. Секоја желба за храна е поврзана со некоја подлабока физичка и психичка потреба. Многу често најличните желби за храна откриваат многу за нашата емотивна состојба. Ова е причината зошто зависноста од храна е најраспространета и има влијание на над милијарда луѓе ширум светот кои не се ни свесни за тоа. Па кога ќе ја знаете причината за зависноста, ќе знаете и како да го решите проблемот. Погледнете што значат различните желби за храна и што кажуваат за вашата состојба.

Слатка храна

Подлабокото значење на зависноста од храна

Желбата за благо е знак за емоционална нестабилност. Луѓето обично посегаат по благо за да се смират и за да се утешат. Ужината ја гледаат како начин да го поминат тешкиот ден. Ако чувствувате емоционален напор, најверојатно посегнувате по нешта како торта, чоколадо и слично. За жал, слатката храна нема да го реши проблемот, туку само ќе ја прекрие неспособноста целосно да се соочите и да ги прифатите емоциите како гнев, предавство, огорченост, срам и тага.

Како да се справите со желбата за слатка храна?

Потребно е да најдете алтернатива за искрено и отворено справување со емоциите. Можете да пробате медитација, терапија или лекување со енергија. Важно е да имате на ум дека прифаќањето себеси е најдобриот начин целосно да ги искусите и целосно да закрепнете од неудобните емоции.

Солена храна

Подлабокото значење на зависноста од храна

Луѓето кои сакаат солена храна обично сакаат и контрола и стабилност. Причината е што солта е приземјувачки елемент – ја има во почвата, ја има во океаните и ја има во нашите тела. Елементот на солта ги балансира и ги контролира крвниот притисок, телесните течности, како и функцијата на мускулите и на нервите. Ако имате желба за нешто солено, најверојатно не се чувствувате приземјено и сте под стрес. Исто така најверојатно сакате да контролирате и ги мразите неизвесноста и нестабилноста. Луѓето со низок крвен притисок исто може да имаат посилна желба за солено отколку за благо или мрсно.

Како да се справите со желбата за солена храна?

Мора да развиете верба кон процесот на животот, без разлика колку тешко ви изгледа. Потребно е да сфатите дека животот е непредвидлив, промените се неизбежни и од некои проблеми нема бегање. За да се чувствувате удобно со она што можете да го контролирате, важно е да развиете разбирање и да не пружите отпор. Колку побрзо развиете реалистичен поглед кон нештата што можете да ги контролирате, толку поприземјено ќе се чувствувате.

Мрсна храна

Подлабокото значење на зависноста од храна

Во многу традиции црниот дроб се смета за седиштето на нашата внатрешна моќ. Црниот дроб е и органот што ги преработува сите масти што ги консумираме. Луѓето кои имаат силна желба за мрсна храна воглавно сакаат да ја истакнат нивната внатрешна моќ, но често се соочени со ниска самодоверба.

Како да се справите со желбата за мрсна храна?

Мора да развиете силна љубов кон себе и да ги цените вашите мисли. Само тогаш ќе можете да си ја вратите моќта. Ако имате желба за мрсна храна, тоа значи дека мора да најдете нов начин да допрете до вашата внатрешна сила.

Воглавно, зависноста од храна е желба на вашата душа за автентичност, среќа и исполнетост. Не станува збор само за алчност или лакомост. Дури и ако не јадете премногу храна, можете да бидете зависни од неа. Па, следниот пат кога ќе почувствувате силна желба за одреден вид храна, запрашајте што навистина ви е потребно во тој момент.

Погледнете и што ви кажува организмот кога имате потреба за одреден вид храна.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар