По Г-точката, време е да ја откриете и А-точката

По Г-точката, време е да ја откриете и А-точката

Авторката Ивон К. Фулбрајт ја заинтригирала јавноста откако во една од своите книги објавила дека во женското тело постои уште една ерогена точка, наречена А-точка, која може да предизвика повеќекратни оргазми. Има и такви кои се согласуваат со неа, но и експерти кои сметаат дека не е можно да се пронајде една точка во телото која е одговорна за сексуалното задоволство.

По Г-точката, време е да ја откриете и точката А

Според Фулбрајт, А-точката се наоѓа длабоко во вагината, меѓу матката и мочниот меур. Може да се стимулира со помош на прстите, секако, ако воопшто може да се пронајде, бидејќи секое тело е различно, а со тоа се разликуваат и анатомските карактеристики на одреден орган.

Ивон К. Фулбрајт е познат сексолог и досега има издадено голем број книги посветени на сексуалното задоволство и оргазмите. Таа објаснува дека постојат повеќе стимулативни точки во телото, но некои од нив е практично невозможно да се пронајдат. Во врска со А-точката, таа предупредува дека не треба да се очекува пронаоѓањето да успее при првиот обид. Во зависност од издржливоста на жената, потребно е прстот да се стави што подлабоко во вагиналниот отвор, за да може да се дојде до оној дел кој кај неа ќе предизвика неповторливо задоволство.

Иако постои можност партнерката никогаш да не доживее оргазам со помош на стимулација, секогаш вреди да се внесе обид за нешто ново во сексуалната игра. Или пак, можеби веќе успеавте да ја пронајдете?

Можеби ги имате искусено, а можеби не: Дознајте и кои се 9-те оргазми што ги доживува жената.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар