Пита со праски и цимет – рајско слатко задоволство

Сакате да подготвите еден интересен десерт овој викенд? Оваа пита со праски се прави лесно, а само едно залче ќе ве однесе во рајот.

Пита со праски и цимет – рајско слатко задоволство

Потребни состојки за тестото:

  • 250 грама брашно
  • 125 грама путер
  • 1 жолчка
  • 1 лажица шеќер
  • Прстофат сол
  • 2 лажици ладна вода

Потребни состојки за филот:

  • 4 зрели праски
  • 4 лажици мед
  • Прстофат цимет
  • Кора од 1 лимон
  • 2 лажици презла
  • Ливчиња нане

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги состојките за основата и замесете ги во компактно тесто. Покријте го тестото со целофанска фолија и ставете го во фрижидер добро да се излади (околу 90 минути).
  2. Потоа, помеѓу два листа хартија за печење растегнете го тестото во кружна форма со радиус од околу 25 см и дебелина од 0,5 см. Подготвеното тесто избоцкајте го со виљушка и тргнете го настрана.
  3. За тоа време исечете ги праските на парчиња. Изрендајте лимонова кора и измешајте ја со презлата и циметот.
  4. На тестото посипете ја подготвената презла, а потоа наредете ги парчињата праски и на крајот прелијте со мед.
  5. Рабовите на тестото малку поткренете ги нагоре, па кон средината за да се добие убаво формиран круг.
  6. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
  7. Питата послужете ја топла во комбинација со топка сладолед и декорирајте со ливчиња нане.

Љубители сте на благи пити? Пробајте ја и оваа сочна пита со боровинки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар