Сочна пита со боровинки

Оваа крцкава, а истовремено сочна пита од боровинки ќе стане вашиот омилен десерт

Сочна пита со боровинки

Потребни состојки (за кората):
  • 70 грама повеќенаменско брашно
  • 15 грама кафеав шеќер
  • 2 лажици бел шеќер
  • 1/4 лажица цимет
  • Прстофат сол
  • 60 грама растопен маргарин
Потребни состојки (за бисквитот):
  • 210 грама повеќенаменско брашно
  • 1,5 кесичка прашок за печиво
  • 140 грама растопен маргарин
  • 130 грама шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • Рендана кора од половина лимон
  • 1,5 лажица екстракт од ванила
  • 2 јајца
  • 500 грама боровинки
Начин на подготовка:

Со миксер изматете ги брашното, кафеавиот шеќер, солта и циметот. Потоа додајте го растопениот маргарин и матете додека не добиете хомогена смеса. Тестото за кората тргнете го настрана.

Загрејте ја рерната на 180 степени. На калапот за пита нанесете брашно. Измешајте ги брашното и прашокот за печиво и тргнете ги настрана.

Со миксер изматете ги маргаринот, шеќерот, солта и изренданата кора. Додајте и екстракт од ванила и продолжете со матење. На смесата додајте ги и јајцата, едно по едно. Намалете ја брзината на миксерот и постепено додавајте го брашното. Матете додека не добиете хомогена смеса. Потоа со лажица додавајте ги и боровинките и мешајте.

Тестото за бисквит ставете го во калапот, а преку него развлечете го тестото за кора. Печете околу 50 минути.

Пред послужување, на секое парче пита ставете топка сладолед од ванила.

Пробајте ја и оваа неверојатно вкусна пита со јаболка и шумско овошје.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар