Писмо од девојката која ви го скршила срцето

Кога нашето срце е скршено, многу често забораваме дека и на другата страна не ѝ е лесно. Ние сме толку насочени кон себе и кон својата тага што воопшто не ни помислуваме дека и тие поминуваат низ истите фази на тагување како и ние. Токму затоа и оваа девојка решила да го објави своето писмо наменето за бившиот партнер, со цел да ни покаже дека крајот на врската никогаш не е лесен, ниту за оној кој е напуштен, ниту за оној кој напушта…

Писмо од девојката која ви го скршила срцето

Извини што ти го скршив срцето. Извини што направив да се чувствуваш како да не вредиш. Ти вредиш. Иако токму тогаш, кога седеше на спротивната страна од мене, ти не вредеше – барем не како порано. Не постои правилно и погрешно во тоа, можеби еден ден кога ќе се најдеш на моето место, кога ќе раскинеш со девојка која седи пред тебе и плаче без престан, па ќе сфатиш конечно. Токму тогаш ќе знаеш дека не беше погрешно тоа што го чувствував.

Извини што не те задржав, извини што лабаво ја оставив мојата рака да лежи во твојата, додека ти очајно ја притискаше. Те молам разбери дека со часови ја држев твојата рака, но повеќе не можам.

Извини што не те бакнав кога го побара тоа од мене и како замена ти понудив прегратка. Се надевам дека нема да заборавиш на сите оние илјадници пати кога среќно те бакнував, но едноставно повеќе не можам.

Извини што не бев убедена во ништо од тоа што го кажа, во ниту еден збор кој излезе од твојата уста. Не бев убедена, но тоа не значи и дека не ми влијаеше. Тие зборови ме потсетуваа на летни дождови, есенски град и малите зимски вирови од сончева светлина – беа прекрасни бидејќи беа искрени, излезени директно од твоето срце додека тоа се кршеше. Додека седев на спротивната страна од затемнетата просторија и вечерта се топеше низ завесите.

Можеби не треба да се извинувам за крајот помеѓу нас, но треба да се извинам за чувствата кои се сменија. Еднаш бевме странци, па пријатели, па љубовници и сега ќе сфатам доколку никогаш повеќе не сакаш да ме видиш. Доколку си направил простор за непознатото со цел да направиш простор за нежното познато како растурените чаршафи на креветите, заодливите парфеми и половично подготвените компири за појадок, тогаш зошто да не би направил место за делумно непријатната љубезност составена од ненадејни поздравувања и кратки разговори?

Кога нештата се менуваат, ние немаме никакви шанси да го контролираме начинот на кој тие ќе се сменат, туку едноставно се впуштаме во љубовните писма, чоколадите, безбројните чаши вина, долгите прошетки, подароците за Денот на вљубените и сеќавањата за нашиот прв бакнеж, надевајќи се дека сè тоа ќе се претвори во љубов. Ние чекаме. И чекаме за повеќе. Еден ден тоа и се случува. Потоа додаваме утрински кафиња, оброци кои заедно сме се обиделе да ги подготвиме, насмевки, пораки на шанкот од кујната, мрзливи бакнежи на каучот, превоз до дома, филмски вечери, пријатели и семејство, сè со надеж дека ова ќе трае засекогаш. Ние чекаме. И чекаме за повеќе. Но, тоа не се случува.

Те молам разбери дека и двајцата се претворивме во ова сега. И среќна сум што тоа се случи, но жал ми е што повеќе не можам да те сакам. Во сите тие собирања и одземања, мојата душа залута по друг пат. Далеку од твојата.

Извини што повеќе не те сакам, како некогаш порано. Извини што не можам да те држам веќе, но моите раце ќе бидат празни некое време, исто како и твоите. Или би можеле да продолжиме натаму побрзо и да се обидеме да ги вратиме твоите нешта кај тебе и моите кај мене. Јас сум подготвена да чекам. Како и претходно.

Извини за сиот гнев и чувството на празнина. Те молам разбери дека и јас го почувствував истото и токму затоа морав да те пуштам и притоа да ти го скршам срцето. И моето срце било скршено во минатото и знам дека чувството е ужасно. Не се обидувам да ги смирам моите минати демони преку тебе, туку само се обидувам да ти се извинам. Се надевам дека тоа ќе биде доволно. Еден ден. Еден ден кога ќе лежиш покрај друга девојка која ја љубиш и кога таа ќе те бакне, дозволувајќи ти да ѝ го почувствував вкусот на балсамот за усни со вкус на цреши и ќе се потсетиш дека ти кажав извини, многу одамна, затоа што ти го скршив срцето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар