Ова се најважните правила ако започнувате да живеете со цимери

Ретки се луѓето кои во текот на своите студентски денови не живееле заедно со цимери кои ги излудувале со својата ароганција и неуредност. Затоа, доколку живеете со цимери, не правете го она што не сакате да ви го направат вам. Обидете се да се придржувате до овие 10 правила кои ќе ви ги откриеме денес, тие ќе ви го олеснат заедничкиот живот со нив.

1-ova-se-najvazhnite-pravila-ako-zapochnuvate-da-zhiveete-so-cimeri-www.kafepauza.mk_

1. Секогаш чистете после секоја ваша активност

Без разлика дали сте јаделе или сте имале гости, колку и да сте уморни, секогаш потрудете се да ги соберите работите и садовите од масата или пак, да ги измиете. Тоа нема да ви одземе многу време, а вашиот стан секогаш ќе изгледа чисто и уредно.

2. Поделете ги домашните работи

Одберете еден ден во неделата кој ви одговара и вам и на вашите цимери како ден за чистење и поделете ги домашните задачи. Тие задачи не мора да се однесуваат само на тој ден, туку за секој, но потрудете се да ги определите така што секој од вас ќе добие еднаков број обврски.

2-ova-se-najvazhnite-pravila-ako-zapochnuvate-da-zhiveete-so-cimeri-www.kafepauza.mk_

3. Водете сметка каде ги оставате работите

Доколку не живеете сами, водете сметка за тоа каде ги оставате работите и колку простор тие заземаат, бидејќи овој детаљ при живеењето со цимери може да биде многу иритирачки. Раскревајте си ги вашите работи и не оставајте ги насекаде низ домот.

4. Вкусовите се различни

Доколку заедно со вашите цимери изнајмувате стан кој вие треба да го опремите, тогаш бидете подготвени за нови предлози. Истото важи и доколку делите заеднички простор во веќе опремен стан, бидејќи тоа е заедничко место на кое треба да дадете личен печат и вие и вашите цимери.

3-ova-se-najvazhnite-pravila-ako-zapochnuvate-da-zhiveete-so-cimeri-www.kafepauza.mk_

5. Заеднички изработете детали за станот

На интернет можете да пронајдете најразлични туторијали за изработка на детали за домот, па тоа ќе биде одлична прилика да се запознаете подобро, но и со заеднички сили да изработите креативни и интересни креации.

6. Направете креативна просторија од дневната соба

Доколку сакате некоја просторија во станот да ви биде вистински извор на инспирација, тогаш тоа дефинитивно треба да биде вашата дневна соба, па потрудете се таа да биде обоена во интересни бои и да претставува креативен простор во кој вие и вашите гости ќе се чувствувате пријатно.

7. Направете свој мини бар

Мини барот претставува одличен начин да го пополните просторот во станот, а покрај тоа секогаш да имате пијалак при рака за вашите гости. Можете да го изработите сами или да го купите, а бидете сигурни дека тој на вистински начин ќе надополни некој запуштен простор од вашиот стан.

4-ova-se-najvazhnite-pravila-ako-zapochnuvate-da-zhiveete-so-cimeri-www.kafepauza.mk_

8. Почитувајте го личниот простор на вашите цимери

Доколку имате различни простории, тогаш почитувајте го личниот простор на вашите цимери и не влегувајте и не пребарувајте по нивните соби без прашање. Освен тоа што е многу непристојно, ваквото однесување сигурно и вам ќе ви пречи и ако се најдете во истата ситуација.

9. Отворено разговарајте за проблемите

Ако нешто ви пречи кај вашиот цимер, немојте да молчите туку отворено кажете им, бидејќи со разговор може да се реши секој проблем. Со оглед на тоа дека делите ист простор во станот, потрудете се во него да владее мирна атмосфера.

10. Немојте да бидете арогантни

Кога веќе сте одлучиле да живеете со друга личност, немојте да се однесувате арогантно како вие да сте единствената личност на овој свет. Пронајдете компромис и обидете се да не земате без прашање туѓа храна или туѓи работи.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар