Пијани гумени бомбони

Пијани гумени бонбони

За љубителите на гумени бонбони, ова е вистински деликатес!

Пијани гумени бомбони

Потребно:
  • едно пакетче гумени бонбони (најдобри се оние во вид на црви и мечиња, без шеќер на нив)
  • 200 мл вотка

Пијани гумени бомбони

Подготовка:

Во стаклен сад ставете ги гумените бонбони и прелијте ги со вотката. Бонбоните треба да пливаат во вотката и да бидат покриени со неа. Садот ставете го во фрижидер да стои два до три дена. За тоа време, гумените бонбони ќе ја впијат вотката и ќе набабрат.

Пијани гумени бомбони

Течноста што ќе остане во садот фрлете ја и пијаните гумени бонбони се готови.

Пијани гумени бомбони

Бонбоните можете да ги опијаните со секој алкохолен пијалак по ваша желба.

Пијани гумени бомбони

Забелешка: Не оставајте ги бонбоните да стојат во алкохол повеќе денови, бидејќи ќе се распаднат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.