Овошен мус со чоколадо

Одличен брз и освежувачки десерт што сигурно ќе ви се допадне

Овошен мус со чоколадо

Потребни состојки:
  • 200 грама малини
  • 100 грама боровинки
  • Банана
  • Лажица мед
  • 50 грама темно чоколадо
Начин на подготовка:

Во блендер изматете ги малините, боровинките, бананата и медот. Потоа ставете го мусот во чаши и оставете го да отстои во фрижидер 20-тина минути.

Во меѓувреме стопете го темното чоколадо, а потоа прелијте го врз изблендираното овошје и веднаш послужете.

Доколку ви се допаѓа вкусот на чоколадото, пробајте ги и овие чоколадни десерти за кои ви се потребни само 3 состојки.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар