Овој традиционален руски пијалак го зајакнува имунитетот, а се подготвува многу едноставно

Генадиј Петрович Малахов е познат руски автор на книги од областа на народната медицина и досега има објавено многу книги кои се продале во милиони примероци. Неговите книги се вистинска ризница на народни напитоци кои го лекуваат телото без никакви последици. Првата превенција против грипот е силниот имунитет, а вистинскиот избор на храна дефинитивно ќе ви помогне во тоа. Кога имунитетот е силен, полесно можете да им се спротивставите на болестите, како и на коронавирусот кој владее во овој момент.

Овој традиционален руски пијалак го зајакнува имунитетот, а се подготвува многу едноставно

Кефирот и тиквата се главните состојки во овој напиток. Некои луѓе не го сакаат кефирот, веројатно поради неговата кисела природа или поради големата количина на пробиотски состојки. Во овој случај, дозволете му на телото полека да се навикне на кефирот. Започнете со 50 милилитри дневно, а потоа постепено зголемувајте ја количината.

Кефирот може да се користи како лек во големи количини, но за краток период. Правете пауза еднаш во текот на неделата. Овој пијалак се пие максимум 20 дена, а потоа треба да направите пауза од 10 дена.

Потребни состојки:

  • 800 милилитри природен кефир
  • 150 грама варена и пасирана тиква
  • 1 лажица природен мед

Начин на подготовка:

Измешајте ги кефирот и тиквата, а потоа додајте ја лажицата природен мед.

Покрај зајакнувањето на имунитетот, овој пијалак има корисен ефект врз органите за варење, како и врз метаболизмот.

Прочитајте која храна ќе ви помогне во зајакнувањето на имунитетот за време на коронавирусот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар