Овие природни состојки го намалуваат ризикот од дијабетес!

Овие природни состојки го намалуваат ризикот од дијабетес!

Дијабетесот е едно од најчестите заболувања на денешницата. Се појавува кога телото не произведува доволно инсулин, хормонот кој го регулира шеќерот во крвта. Сепак, преку консумирање одредени минерали можете да го ставите под контрола. Во продолжение откријте за кои видови минерали и природни состојки станува збор.

Овие природни состојки го намалуваат ризикот од дијабетес!

Цимет

Дали знаевте дека состојката МХЦП (Метилхидрокси калкон полимер) која се наоѓа во циметот му помага на панкреасот да произведува инсулин? Покрај тоа, циметот поволно делува врз целокупното здравје на организмот.

Екстракт од женшен

Испитувањата покажале дека екстрактот од женшен помага во регулирање на нивото на шеќерот во крвта. Потребни се само 3 грама од овој екстракт за да се намали нивото на шеќер во крвта за речиси 60 проценти. Женшенот навистина располага со одлични лекови својства со оглед на тоа дека се користи во кинеската традиционална медицина околу 5000 години.

Хром

Друго истражување покажало дека кај луѓето со дијабетес се среќава ниска количина на хром. Хромот е суштински минерал кој придонесува за метаболизмот на мастите и јаглехидратите и игра важна улога во одржувањето на нивото на гликоза. Тој помага да се спречи зголемувањето на телесната тежина од вишокот масти што секојдневно ги внесуваме. Хромот е и одговорен за разградување на шеќерот во крвта. Овој минерал е присутен во леќата, гравот, брокулата и печурките.

Магнезиум

Магнезиумот е минерал кој е составен дел на многу видови зеленчук, семки и јаткасти плодови. Тој е неопходен за беспрекорно да се одвиваат околу 300 биохемиски реакции во човечкото тело. Токму една од тие функции е регулирање на нивото на шеќер во крвта. Докажано е дека ниското ниво на магнезиум го зголемува ризикот од дијабетес тип 2.

Цинк

Цинкот има голема улога во производството и складирањето инсулин. Се наоѓа во следните намирници: бадеми, жолчки од јајце, пилешко, леќа, корен од ѓумбир, грашок и сардини. Најчесто, цинкот се комбинира со додатоци на калциум. Згора на тоа, тој е и одлично средство за цврста и здрава коса.

Алое вера

Според јапонско истражување, гелот од алое вера придонесува за намалување на хемоглобинот и гликозата во организмот. Гелот има благотворни ефекти и врз кожата.

Откако прочитавте кои природни состојки го намалуваат ризикот од дијабетес, можеби ќе сакате да прочитате и кои 9 рани симптоми на дијабетес не треба да ги игнорирате.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар